Ништо од закажаната свадба? Александра Пријовиќ цели три месеци го изневерувала синот на Лепа Брена со оженет тенисер
Се шушка дека пејачката три месеци се гледала со друг
Според магазинот „Стар“ фолк-пејачката Александра Пријовиќ цели три месеци зад грб на својот свршеник Филип Живојиновиќ се гледа со оженет тенисер, па сега многумина нагодуваат дали е тоа Новак Ѓоковиќ, Виктор Троицки или некој друг познати српски тенисер. Поради оваа афера Филип би можел да ја одложи свадбата која што е закажана за 21 јуни, а како што пренесува магазинот и Лепа Брена е многу вознемирена поради целата ситуација.
https://www.instagram.com/p/BeQHk7MH7vT/?taken-by=aleksandraprijovic
„Веќе некое време се шушка дека Александра има афера со оженет тенисер. Се шушкаше и дека е во романса со постар колега, кој исто така е во брак. Но според мене ова се само приказни кои сега за сега никој не може со сигурност да ги потврди. Тие понекогаш можат да бидат вистините, но не секогаш“, вели извор за магазинот во врска со гласините што се шират во спрските медиуми.