Реклама
Наши ѕвезди

Ѓоко Јовиќ и Снежана Ѓуришиќ направија лом – ЛЕТА БАКШИШОТ од сите страни, ечи македонска песа

Беше бурно овој викенд за познатите пејачи

Реклама

Нашиот народ сака да се весели и забавува, а музичарите пак знаат како да им го причинат тоа задоволство.

Една таква забава се случи и овој викенд, а можевме да видиме и како пејачите заработуваат за својот труд.

Имено, Ѓоко Јовиќ објави неколку видеа на социјалните мрежи, а на некои од нив пее и со неговата колешка Снежана Ѓуришиќ.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ

Но она што сите го забележаа е големиот бакшиш што тој го држи во рацете, заради кој тој одвај го држеше микрофонот.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ

Гостите посебно беа воодушевени кога Ѓоко заедно со Снежана ја запеаја „Море сокол пие“, па сите со нив пееја во еден глас.

Инаку, ова не е прво видео на кое можеме да видиме како Ѓоко добива бакшиш додека ги забавува гостите на веселбите.

Но и неговата колешка е добро позната по тоа дека знае како да ги крене сите на нозе, а како што во една пригода пренесоа медиумите, таа на една приватна прослава за само еден рефрен што го испеала за една минутка земала бакшиш од 3000 евра.

Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ

Снежана тогаш на оваа прослава била поканета како гостинка, но на молба на домаќинот го земала микрофонот и запеала.

Гостите веднаш богато ја наградиле со голем бакшиш, но на крајот пејачката, како што тоа обично и се случува, ги оставила парите на колегите музичари кои биле ангажирани за забавата.

Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ

Како Снежана и Ѓоко изгледаа во ова нивно издание, погледнете во продолжение…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button