Реклама
Хороскоп

Вљубени и полни со страст: Најубавите парови во Зодијакот

Реклама

Ги знаете ли оние парови кои кога ќе се појават, сите гледаат во нив, а тие само еден во друг?

 parovi

Ги знаете ли оние парови кои кога ќе се појават, сите гледаат во нив, а тие само еден во друг? Е тоа се токму овие парови во Зодијакот. Чувството на вистинска љубов ним им прави сите други работи наоколу да им изгледаат неважни. Еве кои се тие парови.

Маркетинг

Бик и Рак

Двајцата се верни, грижливи, нежни и внимателни. Без оглед на тоа колку долго се заедно, тие сѐ уште се заљубени еден во друг како и првиот ден, па за нив не е необично да се однесуваат како тинејџери. Дефинитивно на овој пар можете да му бидете љубоморни.

Маркетинг

Лав и Лав

Кој би му одговарал подобро на еден Лав, од Лавица која е амбициозна и самоуверена, како и тој самиот? Во неговата природа е да ги охрабрува другите, така што тие еден на друг си се најголема поддршка. Кога едниот ќе падне, другиот го охрабрува дека е во состојба да постигне што ќе посака. Тој е нејзин крал, таа негова кралица.

parovi

Водолија и Близнаци

Овој пар има неверојатна психолошка врска и таа со текот на времето станува уште подлабока. Најдобра работа во овој однос е телепатскиот начин на комуницирање, затоа што се чини дека тие си ги читаат мислите еден на друг.

Риби и Скорпија

Ова е многу интуитивен пар. Овие хороскопски знаци силно се поврзани на интелектуално ниво, но исто така сакаат во целост да ја разберат душата на нивниот партнер. Водените знаци имаат силни емоции, што овие два ги прави уште покомпатибилни.

Тие мораат да ја знаат секоја ситница еден за друг.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button