Интервју

Што го прави среќен Нино Величковски и дали се уште е вљубен како и првиот ден?

Искрено со Нино Величковски кој минатата година прослави јубилеј од 40 години музичка кариера, а си ја доби и „Златната Бубамара“ за трајни музички вредности

Реклама
Реклама

Интервју со еден од најпознатите македонски пејачи

Поразговаравме со Нино Величковски, една од нашите најголеми легенди кога е македонската народна музика во прашање. Тој минатата година прослави 40 години музичка кариера, а неодамна си ја доби и Златна Бубамара за трајни вредности на која како што самиот вели е горд и за него претставува музички оскар и награда за сиот негов труд и трпение. Покрај ова со Нино позборувавме и за многу други теми, а што се ни откри пејачот, дознајте во продолжение…

Минатата година прославивте јубилеј од 40 години музичка кариера направивте и концерти по тој повод, што значи за Вас овој јубилеј?

Минатата година прославив 40 години мојата музичка дејност како вокален солист на македонската естрада.

Маркетинг

Приватна архива

Тоа се години за респект и се гордеам со тоа и со сознанието дека успеав со своите песни да останам свој со мојата интерпретација и среќен сум што со моите песни и дел од нив се веќе обнародени со јубилеен концерт насловен : “40 години со Нино- песни, љубов и вино”, го прославив и одбележав моето музичко битисување и соработка со моите композитори и автори на стихови и аранжери. Многу простор ми треба да ги кажам и спомнам сите соработници, но на сите им благодарам, со надеж да си дочекам и 50, 70 години.

Маркетинг

Се сменија ли многу времињата од почетоците до сега во однос на музиката?

Да се зборува за музички вкусови и квалитет на музичка понуда е дискутабилно,  но поради мојот музички багаж си давам за право да искоментирам и да го кажам моето мислење.  Голема е разликата во пристапот и начинот на создавање нова песна – песни.  Мислам дека постои авторска криза во понудата или пак недостаток на музички идеи.  Пеачот ако има база- подлога, добра песна сигурно ќе направи се да ја донесе и отпее песната максимално .  Но ако се вратам години наназад фестивалите: „Фолк фест Валандово“, „Цветници“, „Роса фест“, „Тумба фест“, „Охрид фест-Охридски трубадури“, оттаму  излегуваа по 6-7 хитови и слушани песни кои останаа до ден денес.  За жал сега не е така. За ова треба поголема анализа и простор но генерално сите ние кои се занимаваме со музика треба и мора да се напојуваме и инспирираме од пребогатото фолклорно и музичко поднебје на нашата убава Македонија.  Кај нас во Македонија кај ќе копнете ќе најдете музика- песна, што да посеете никнува музика-песна.

Приватна архива

Дали можеме комотно да ве препознаваме по песната „Свирете ми тамбури” и дали мислите дека таа ја одбележа Вашата кариера, иако се тука и „Бабино девојче” , „Стара љубов” и многу други?

-Да мојата музичка кариера ја одбележуваат неколку култни песни. Прво е соработката со мојот легендарен маестро композиторот Миодраг Божиновски- Миче, кој ми ги напиша како автор на музиката и аранжманот: Бабино девојче 1988 година- „Фолк фест Валандово“, Свирете ми тамбури 1990 година, Не се трпат немири 2005 година „Фолк фест Валандово“  прва награда од стручно жири.  Стиховите за Свирете ми тамбури се на Љубе Цветановски а Не се трпат немири, текстот е на Огнен Неделковски.  Потоа следат слушани и хитовски песни како што се: Стар беќар, Много тешко да со зет да си домазет,  Со мерак,  Стара љубов,  Заплачи тамбуро,  Човек оркестар 2019 година песна специјално напишана и отпеано за мојот и нашиот голем тамбураш Шојик Драгомир Шојиќ.  Постхумно ја отпеав песната на „Тамбурица фест” во Нови Сад,  на српски јазик и на  „Охридски трубадури” на македонски јазик.  Текстот е на Огнен Неделковски а музиката на Миле Барбаровски.

Со тандемот Барбаровски, Миле автор на музика и Огнен Неделковски имам песни кои особено ги сакам и пеам:  Малку треба, Биди ми бисер,  Песните се мои другари,  Ние двајца- дует песна отпеана со Мерима Његомир 2008 година на  „Фолк фест Валандово”  прва награда од стручно жири, Уште еднаш 2003 отпеана на „Фолк фест Валандово”  прва награда од стручно жири, Љубовта не е света 1999  „Фолк фест Валандово” ,  Не ми вели да се колнам,  „Низа фест Прилеп” 2002 година .

Приватна архива

Неодамна добивте и „Златна Бубамара“ за трајни музички вредности за оваа година, што значи пак оваа награда за Вас ?

Јас сум навистина среќен и горд човек за оваа награда и ова за мене е престижна награда , музички оскар и награда за мојот музички труд и трпение.  Благодарам на Ранко Петровиќ на Академијата на  „Буба Мара“  за Буба Марата што слета на моето раме и ме направи среќен!

Многу пати сте говореле за Вашата голема љубов со која сте повеќе од две децении заедно. Сеуште ли сте вљубен како на почетокот?

Љубовта го врти светот и нема ништо без љубов. Љубовта е света земја, љубам значи постојам,  љубовта е вечна инспирација.  Љубовта ја разбирам како нешто возвишено и многу лично,  кај секого е различна манифестирањето на љубовта. Тагата,  радоста,  среќата.  Јас имам среќа што мојата госпоѓа Лидија ми возвраќа на љубов со љубов.  Но нема мерка за мерење на љубов,  нема ниту формула,  тоа или го носите и на свој начин го искажувате или го немате.  Или вечното прашање?  Што е љубов?  Мојот текстописец Огнен Неделковски вели- пишува:  Со неа така да шетам под рака,  уште еднаш љубовта да ми.  Дал тоа е љубов,  внимание,  добар збор,  убава мисла,  дијалог,  разбирање,  семејство,  топол дом и  многу љубов како зачин, на свој начин.

Приватна архива

Што Ве прави среќен?

Среќен ме прави кога гледам среќни луѓе,  се помалку ги гледам!  Но јас сум непоправлив оптимист и мислам дека сите ние може највише сами да си направиме да ни се врати насмевката, вербата, среќата.  Ако силно ја посакуваш среќата таа ќе дојде и нема да не одмине.  Да знаеме да сакаме,  да се радуваме на свој успех и на туѓ успех,  на туѓа среќа,  ете тука е можеби среќата.  Јас сум среќен човек.  Ве имам Вас,  ги имам пријателите,  ја имам мојата публика за која пеам и живеам,  го имам моето семејство кое ми е се на светот.

Приватна архива

Што би биле ако не се занимавате со музика?

Значи моја неостварена  желба беше и остана да бидам актер или глумац- како викамо ми кумановци.  Јас се занимавав  со глума како аматер скоро 12 години. Да тоа е неостварена желба, но сепак и во музиката и сцената како светиња  мора и треба да се почитуваат и уважуваат моралните и човечки вредности.

Приватна архива

Ќе има ли уште многу песни од Вас, што е следно?

Во фаза сум или во припрема на нови музички содржини со музичка идеа- приказна наречена “Гитара и вокал”,  Младен Протич- гитара,  Нино Величковски- вокал,  обработка на стари македонски песни и неколку нови песни во специјален музички аранжман и музичко руво на Младен Протич.  Минатата година прославив 40 години моја музичка дејност како вокален солист на македонската естрада и на сите соработници им се заблагодарувам, со надеж да си дочекам и 50, 70 години.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button