Реклама
Новости

Сестра ми Ана им се восхитуваше на докторите во Онкологија, ги гледаше како херои!

Душата си ја отвори и уметницата Ивана Мојсовска, која пред две години ја загубила сестра си. Младата Ана починала на само 30 години.

Реклама

Нечија ќерка, син, татко, мајка, баба, дедо, вујко… го загубиле животот меѓу лавиринтот на македонското задравство, боледувајќи од најтешката болест -рак!

Не стивнуваат реакциите на граѓаните кои се директно засегнати со грозоморниот  случај на Онкологија.

Секојдневно слушаме и читаме за потресни семејсва за загубени членови од семејсвото, а гневот меѓу народот расте.

Маркетинг

фото/Фејсбук

 

Маркетинг

Душата си ја отвори и уметницата Ивана Мојсовска, која пред две години ај загубила сестра си. Младата Ана починала на само 30 години.

Пред две години, сестра ми Ана која боледуваше од многу редок тип на канцер сакаше да напише писмо до докторите и сестрите на онкологија и да им се заблагодари на, ако воопшто може да се нарече, “убавиот” третман која таа го доби од нив во последните месеци од нејзиниот живот. Ги гледаше како херои, им се восхитуваше на хуманоста и да можеше да им ја даде и малку онаа сила која беше останата во неа, ќе им ја дадеше во знак на почит за се она што тие го пожртвуваа за пациентите во времето на Ковид пандемијата додека и самата таа се лечеше од рак,вели Мојсовска.

Ана се разболела почнала да оди на лекар од ноември 2020 година, а починала во април 2021 година.

Ана почина во страшна агонија, а јас и мојата фамилија еве веќе две години се учиме како се живее со пола душа и срце и се помиривме дека навистина спас немало за ѓаволот со кој се боревме, раскажува Ивана.

Мојсовска раскажува за тешкиот период со кој тие се борат како семејсво, незамислувото и болно  отсусутво на нивната сестра, ќерка…

Денес, после две години мајка ми ми го праќа линкот за случајот Онкологија каде се вели дека лековите кои биле наменети за пациентите од рак се продавале на црн пазар во Косово а во замена тие добивале обичен физиолошки раствор. Епа јас писмо нема да Ви напишам, ами животот ќе ви го посветам за секоја клетка да ви ја отрујам, животињи крволочни!!!! , напиша таа на Фејсбук.

Според Ивана тој што заминал од државава се спасил!

Искрено сочувство до секој оној кој за жал сеуште не најде начин да избега од оваа краста од држава!

И мајката на Ана, Дејана Новаковиќ,  објави емотивен статус на фејсбук:

Пред две и пол години, ќерка ми се лекуваше на Клиника за онкологија. Мислевме дека се лекува, тие ми го убија детето. Од лесно излечив тип на канцер, тие со ‘терапијата’ го хранеле канцерот. Јавно објавувам дека нема да ги оставам да се заташка како сè што се заташкува во скапаната држава. Ќе активирам сè што е во моја моќ и Ве замолувам сите што можете да помогнете да се вклучите. Нема да се смирам додека не ги видам сите во затвор доживотен! Сликава од ангелот мој ја ставам тука да знаете кого убивте и да ве прогонува како сенка. Мир и сон да немате никогаш како моето семејство што нема!“ – стои во описот на фотографијата од покојната Ана.

Пејачката Викторија Лоба ја сподели објавата и напиша дека таа учела со Ана во средно.

Сочувство до семејсвото!

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button