Реклама
Вести

ПОЛНИ МАРКЕТИ, ПРАЗНИ ФРИЖИДЕРИ – Колку пари ви се потребни за да го нахраните семејството?

Едно четиричлено семејство во Македонија за еден месец троши без малку 1.000 евра за основните производи.

Реклама

Инфлацијата си го направи своето. Народот не може да скрпи крај со крај. Цените на производите до плафон, се купува само неопходното.  Едно четиричлено семејство во Македонија за еден месец троши безмалку 1.000 евра за основните производи.

Според податоците на Сојузот на синдикати на Македонија, вредноста на кошничката е во постојат пораст од почетокот на годинава, а поконкретно, за овој месец зголемувањето е најизразено во делот со храната и со пијалаците.

Вредноста на минималната синдикална кошничка за март 2024 изнесува 58.998 денари и е зголемена за 1.522 денари во однос на февруари.

 

Маркетинг

Трошоците на едно семејство за храна и за пијалаци овој месец изнесуваат 22.681 денари и се повисоки за 1.462 денари споредено со февруари, кога изнесуваа 21.219 денари. Или, пак, за четири месеци – од декември лани до март 2024 година – трошоците само за храна и за пијалаци се зголемени за 1.951 денари, односно за 9,41 %..

Маркетинг

– ЗГОЛЕМУВАЊЕТО Е НАЈИЗРАЗЕНО КАЈ ДЕЛОТ СО ХРАНАТА И СО ПИЈАЛАЦИТЕ, ШТО Е РЕЗУЛТАТ НА ТОА ШТО ТРГОВЦИТЕ НЕ ГО ПОСЛУШАА АПЕЛОТ НА ССМ И НЕОСНОВАНО, САМО ВО ИНТЕРЕС НА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА СВОЈОТ ПРОФИТ, ЕНОРМНО ГИ ЗГОЛЕМИЈА ЦЕНИТЕ НА ПРЕХРАНБЕНИТЕ ПРОИЗВОДИ. ТОА РЕЗУЛТИРА СО НЕФЕР ПРАКТИКИ НА ТРГОВЦИТЕ И ДОВЕДУВА ДО ОСИРОМАШУВАЊЕ НА РАБОТНИЦИТЕ И НА ГРАЃАНИТЕ, А ПО ПРЕКИНУВАЊЕ НА МЕРКАТА НА ЗАМРЗНАТИ ЦЕНИ – ОБЈАСНУВААТ ОД ССМ.

ССМ предлагаше продолжување на мерката за ограничување на цените во насока на заштита на животниот стандард на работниците и на граѓаните.

 

– Знаевме дека алчноста и профитот на газдите ќе бидат причина за неосновано зголемување на цените на штета на работниците и на граѓаните, а тоа е нешто што не смее да се дозволи

Оттаму сметаат дека работниците и граѓаните треба да го искажат своето незадоволство на првомајскиот синдикален протест.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button