Реклама
Вести

Познат фотограф загина во сообраќајна несреќа, партиите ги откажаа сите партиски активности

Реклама

Познат фотограф од Гостивар денеска загина во сообраќајна несреќа во Велес. Едмонд Амзаи е сопственик на Фото студио Акон од Гостивар, а роден во 1981 година.

Зад себе остави сопруга и син.

Неговата смрт предизвика некои од политичките субјекти да ги прекинат активностите на претседателската кампања.

Маркетинг

„Почитувани медиуми, ве известуваме дека Митингот на Коалицијата Вреди закажан за вечерва во Гостивар во 20:30 часот ќе биде одложен бидејќи во текот на денот во сообраќајна несреќа животот го загуби младиот гостиварец Е.А., а како знак на почит ги откажуваме сите активности за денес. До семејството, пријателите и сите жители на Гостивар, изразуваме искрено сочувство!“, велат од Вреди.

Маркетинг

„Потресени од веста за несреќата во која животот го загуби младиот Гостиварец, со длабока тага изразуваме искрено сочувство до семејството. Воедно, ве известуваме дека општинските штабови на ДУИ во Гостивар и на Европскиот фронт ги прекинуваат предизборните активности за денеска и утре“, соопштија од огранокот на ДУИ во Гостивар.

„Потресна и неверојатна вест за прераната смрт на младиот гостиварец Едмонд Амзаи. Во овие тешки моменти сме со семејството, сопругата и пријателите и изразуваме најискрено сочувство за оваа незаменлива загуба. Ве известуваме и дека седиштето на Алијансата за Албанците-Гостивар ги откажува сите предизборни активности до понатамошно известување. Тагата и болката се големи за оваа трагична загуба. Почивај во мир драг Едмонд“, соопштуваат од ААи Зиадин Села.

„Со длабок очај дознав за трагичната смрт на Едмонд Амзаи.

Голема е болката кога ќе помислиш какво момче бил и на која возраст бил…Сочувство на неговото семејство во овие страшни часови! Господ да биде со вас и Господ да го чува блиску ова момче на кое му беше испишана оваа тажна судбина“, го утеши семејството Амзаи градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button