Реклама
Наши ѕвезди

Паника меѓу ѕвездите во Македонија – по Лила и кумашинката на Заев нападната од хакери. Еве како да се заштитите

Реклама

Струмичанката има причина зошто да биде нервозна

Познатата струмичанка Љупка Митрова ги извести своите обожаватели дека за среќа успеала да го врати својот профил на Инстаграм и повторно да воспостави контрола врз него. Откако нејзиниот профил неколку дена не беше активен таа за целото време беше во тешко исчекување. Но кога ја доби својата социјална мрежа повторно назад, се јави со соопштение до своите бројни фанови преку Инстаграм.

Маркетинг

„Мојот профил повторно е под моја контрола. Ви благодарам на сите што помогнавте да го вратам назад. Против сторителот на ова дело – одземање на мојот профил, злоупотреба на истиот и намерно поставување на содржината (слика на која не сум јас) со цел да го наруши моето достоинство и углед се преземени соодветни мерки. Истото ќе му се случи на секој еден што ќе се дрзне да ме нападне на било каков начин. Ве сакам“ напиша Љупка во својата објава.

Маркетинг

Инаку, Љупка е мошне популарна во македонската Инстаграм заедница, а нејзините фотографии секогаш предизвикуваат големо внимание. Важи за една од најзгодните, најпровокативните и најпопуларните Македонки на социјалните мрежи, па не треба да не чуди што токму нејзиниот профил беше цел на напади од страна на хакерите.

Пред нешто повеќе од една година, медиумите во Србија пишуваа за една група малолетници која што ја тероризираше нивната естрада со хакирање на профилите на тамошните ѕвезди. Така беше хакиран профилот на водителката Сања Маринковиќ, а потоа и на Лепа Брена.

Во Македонија пак познат е случајот кога и беше хакиран профилот на водителката Лила Филиповска, која исто така има голем број фанови на оваа социјална мрежа, и која на крај, по неколку дена успеа да си го врати.

Како да се заштитите од непотребен стрес

Во последно време се повеќе кориснички профили на Инстаграм се хакирани. Ваквата кражба дословно преставува кражба на идентитетот и извор на приходи за некои, па еве како да се заштитите.

Обезбедете го вашиот Е-маил и внимавајте што кликате

Вашата Е-маил адреса е врата за сите ваши социјални мрежи. Ако добиете интернет писмо кое изгледа како да е од Инстаграм, проверите дали и некој друг добил такво писмо. Дали сте правеле некоја акција поради која Инстаграм би ви испратил писмо? Еве еден принтскрин од едно такво писмо кое е лажно и со кое можат да ви ја украдат лозинката.

Инстаграм нема потреба а бара од вас потврда за вашата лозинка Но не заборавајте – подеднакво важна е и лозинката на вашата Е-маил адреса – доколку некој ви ја пробил оваа лозинка, се паѓа во вода.

Password123

Кога сме веќе кај лозинките, најдобро е да користите комбинација од големи и мали букви, бројки и посебни знаци која нема да биде премногу кратка (Инстаграм препорачува барем 6 знаци, но посигурно е да изберете барем неколку знаци повеќе). Можеби не е лоша идејата кратка реченица да споите во лозинката и така полесно да ја запомните.

Двојна автентичност

Постојат и други мерки за заштита, како на пример двојна верификација, која можеби звучи комплицирано, но всушност е многу едноставна. Во тој случај ако дојде до било каква промена на вашиот налог или се логирате од некој друг уред кој дотогаш не сте го користеле, ви стига известување преку СМС на бројот што претходно сте го оставиле со код кој морате да го внесете за да ви дозволи понатамошно користење на профилот.

Опцијата можете да ја вклучите Поставки – Приватност и сигурност – Двојно проверување на автентичноста.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button