Реклама
TV

Ослабна 80 килограми и сега гордо позира во костим за капење: Бојана сподели фотографија од плажа и ги доби сите комплименти!

Нема да се откаже од новиот начин на живот..

Реклама

Пејачката Бојана Стаменов долго време се бореше со вишокот килограми но успеа по природен пат да се ослободи од нив и тоа со силна волја, правилна исхрана и редовен тренинг.

фото Фејсбук/Бојана Стаменов

Таа во една прилика истакна дека слабеењето не ги загрозило нејзините пејачки способности, туку дека, напротив, сега и е многу полесно да настапува.

Маркетинг

фото Фејсбук/Бојана Стаменов

„ Полесно дишам и полесно се движам, затоа и многу полесно пеам. Не е исто како порано, затоа што јас посветив голем дел од мојот живот на клубови и зачадени соби, но сепак можам да се повлечам кога ми треба. Луѓето често велат „дебелата може да повлече“, но јас веќе не сум толку дебела, па Бојана да влече“, низ смеа изјави пејачката во емисијата “Pusti brigu” на ТВ „Курир“.

Маркетинг

фото Фејсбук/Бојана Стаменов

Бојана Стаменов сега на изненадување на многумина позираше на плажа во костим за капење и доби низа комплименти.

фото Фејсбук/Бојана Стаменов

Пејачката пред повеќе од една година го промени начинот на живот, ослабе повеќе од 80 килограми, ја намали исхраната и се посвети на тренинзите.

фото Фејсбук/Бојана Стаменов

Сега девојката која се криеше зад широки фустани, гордо позира во костим за капење.

фото Фејсбук/Бојана Стаменов

Бојана замина на одмор, а со своите следбеници сподели прекрасни летни фотографии со кои го сподели целиот процес на промени и самодоверба.

фото Фејсбук/Бојана Стаменов

Позираше во костим за капење без трошка шминка. Бројни следбеници ја поддржаа, а имаше и такви кои се пофалија дека ги инспирирала со својата промена и самодоверба.

фото Фејсбук/Бојана Стаменов

Овие фотографии уште еднаш потврдија дека пејачката се чувствува подобро во своја кожа од било кога и дека нема намера да престане со новиот начин на живот.

фото Фејсбук/Бојана Стаменов

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button