Реклама
Наши ѕвезди

Мики Секулоски ќе изгради не една, туку две куќи?! ПАРИЧКИТЕ нема да му избегаат ако го напрви ова

„Ти можеш да бидеш ѕвезда, а не Гранд ѕвезда“ му порачаа во популарното музичко шоу

Реклама

Многумина веќе го гледаат во финалето

Мики Секуловски (36 ) од Велес ги воодушеви сите членови на жирито со своите настапи во музичкото талент-шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Уште од првото појавување на сцената, па се до последното кога ја изведе песната „Пукни зоро“, Мики покажа дека му нема равен.

Маркетинг

Тој со својот моќен глас веднаш ја освои публиката, но и жирито, така што веднаш го доби статусот на потенцијална ѕвезда, нешто што досега речиси на никој му се нема случено во ова шоу.

Маркетинг
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

За ова симпатично момче веќе пишуваат медиумите во регионот, а со својата неверојатна енергија ја освои и Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Инстаграм/ Мики Секуловски

Мики со својата појава ја „купи“ фолк дивата уште во првиот круг и таа сега е горда на секој негов настап во шоуто.

И како што самата изјави во последната емисија, кога Мики буквално растури на сцената, тие имаат уште изненадувања за гледачите.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Ќе ви подготвиме ние уште изненадувања. Нема сите асови што ги имаме да ги отвориме вечерва“, изјави тогаш Цеца.

Потсетуваме, Мики уште со својот прв настап ја освои публиката, но и сите кои се дел од ова популарно шоу.

Тогаш Босанац му порача дека доколку остане вака педантен и прецизен во своите изведби, со Гранд ќе изгради две куќи, а ова го коментираше и Саша Поповиќ, директорот на целата продукција.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Убаво ти кажа Босанац. Имаш куќа која не е завршена, но ако продолжиш вака ќе направиш уште две куќи“, го посоветува тогаш Поповиќ, по што рокерот Ѓорѓе Давид изјави дека нема причина да не продолжи со истото темпо со кое што се претстави и дека, според него, Мики веќе е во финалето.

А Мики кој тогаш истакна дека се вратил од Белгија каде што работел како келнер и дека во последните пет-шест години не се занимавал со музика, очигледно ги послуша советите на Босанац и Поповиќ. Тоа впрочем можевме да го видиме и од неговиот последен настап кога со својата креативност буквално го украде шоуто и за кој се уште пишуваат најголемите медиуми во регионот.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Како звучеше Мики на својот прв настап, но и на последниот, погледнете и слушнете од видеата во продолжение…

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button