Реклама
Новости

Конечно ДОБРА ВЕСТ- Цените на овие производи ќе се намалат за 10 проценти!

Забележано е дека одредени трговски синџири прават измами со кампањи за акциски продажби, ова нема да може по 30 ноември, рече министерот за економија

Реклама

Министерството за економија од утрово почна да носи предлог-одлуки за зачувување на животниот стандард на населението.

Сите анализи покажуваат дека нема основа за зголемување на цените на прехранбените производи и од страна на трговците и од страна на производителите, имајќи го предвид намалувањето на цените на основните прехранбени производи на светските берзи и споредувајќи ги со цените како на увезените производи, така и на суровините за домашното производство.

Маркетинг

Точно е дека има намалување на инфлација во однос на претходниот период, но според анализите на Министерството за економија има простор за уште поголемо намалување – рече  министерот за економија Крешник Бектеши.

Списокот со цени на производи може да се очекува во вторник кога Владата ќе ја разгледува предлог-одлуката од Министерството за економија. За непочитување на одлуките на Владата и за нефер трговски практики може дури и да се затвори некој супермаркет или да има забрана за вршење дејност, рече минситерот за економија.

Маркетинг

Тој најави забрана на акциски продажби на храна со која трговците ги носеле во заблуда потрошувачите.

Бектеши рече дека точните цени ќе се знаат во вторник, кога предлог-одлуката ќе се достави во Владата, а во сила ќе стапат следата среда или четврток, односно веднаш штом ќе се објават во „Службен весник“. Но, во меѓувреме, како што потенцираше Бектеши, се очекува намалување на цените на сите прехранбени производи за најмалку 10 проценти.

Сите завршни сметки на големите маркети покажуваат дека тие немаат намалување на приходите, туку напротив дека ги зголемиле во текот на минатата година која во однос на цените беше најтешката година – рече Бектеши.

Притоа додава дека Министерството за економија до Владата пратило предлог-одлука со која ќе се забрани акциска продажба во сите трговски синџири до 30 ноември.

Можеби ова изгледа како чудна одлука – дека ќе им скратиме на граѓаните одредено намалување на цени, но не е така. Наредната недела ќе се проследи одлуката за замрзнување на цените во прехранбената индустрија.

Забележано е дека одредени трговски синџири прават измами со кампањи за акциски продажби, ова нема да може по 30 ноември. И граѓаните ќе знаат точно колкави ќе бидат цените на одредени производи, а не да има калкулации на дневна и на неделна основа – вели Бектеши.

ст

авниците на  Бектеши утре ќе се сретне со претставниците на големите маркети и ќе го пренесе ставот на Министерството за економија за линеарно намалување на цените на храната од најмалку 10 проценти.

– Утре Министерството за економија ќе го достави толкување на Законот за заштита на потрошувачите до директорот на Државниот пазарен инспекторат, имајќи предвид дека ние сме надзорен орган, со цел да има и затворање и забрана за вршење дејност на супермаркетите.

Притоа се повикуваме на член 69 од Законот за заштита на потрошувачите и на член 29 и член 30 од Законот за трговија. Тоа утре ќе им биде пренесено на големите синџири на супермаркети – рече Бектеши.

Потенцираше дека Министерството за економија нема да дозволи да се профитира на грбот на граѓаните. Мерките ќе важат до 30 ноември со можност за продолжување.  Важни се и измените на Законот за пазарен инспекторат и носење нов закон за фер трговски практики.

luge2

 

Министерот за економија изјави и дека е ставен крај на „џентлменски договори“ со трговците и со производителите и дека одлуките ќе мора да се почитуваат.

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button