Реклама
Новости

И кажаа дека ќе живее уште шест месеци, а живееше помалку од три – ова го објави пред да почине

Еве како оваа млада девојка зборуваше храбро за болеста

Реклама

Храбро се бореше, но болеста беше посилна

Пеачката Хариета Симиќ почина на 13 април во болницата во Смедерево во 41 година од животот.

Пејачката почина по тешка и долга борба со рак на дојка, а пред неколку месеци јавно зборуваше за маките низ кои поминува.

Маркетинг

Хариета, во јавноста позната како Харина, тогаш преку својот Инстаграм откри дека карциномот и се проширил на белите дробови.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Хариета Симиќ

Таа тогаш објави емотивно видео од болничкиот кревет во болницата во која што почина, а потоа уште едно на кое се гледа како плаче, па ја најави својата борба со болеста со уште еден циклус хемотерапија, надевајќи се дека ќе успее да ја победи болеста.

Фото: Инстаграм/ Хариета Симиќ

Како што самата откри тогаш, пред две години прв пат дознала дека има рак на дојка, по што и беа отстранети и двете дојки.

Потоа одеше на хемотерапии, по што и беше кажано дека се излечила, за да по неколку месеци ракот се прошири на лимфните жлезди. Таа и тој проблем го решила со операција, но ни тука не беше крајот на нејзините проблеми – метастазите се прошириле на белите дробови.

Фото: Инстаграм/ Хариета Симиќ

„Пијам морфиум, но и тука е проблемот бидејќи не можам да го купам во аптека бидејќи е наркотик. Во многу тешка ситуација сум. Кога некој би знаел, слушнал за мојот случај, можеби би можел да помогне. Во било кој поглед. Имав рак на дојка, но ајде, доста луѓе од тоа се спасува. Меѓутоа, јас сега сум четврт степен метастази“.

Фото: Инстаграм/ Хариета Симиќ

„Ми кажаа во еден момент дека имам уште шест месеци живот. Пиев петролеј, канабис масло, се што слушнав, пиев за да ми помогне“, изјави тогаш оваа млада девојка додавајќи дека се плаши да не заврши како нејзината мајка која починала од истата болест.

Фото: Инстаграм/ Хариета Симиќ

„Таа почина на 49 години, јас сега имам 41“, изјави тогаш за телевизија „Hype“ Хариета, а нејзиното последно видео споделено на „ТикТок“ погледнете го во продолжение…

@

♬ –

Таа во својата последна објава покажа колку е храбра девојка и дека не се предава, но за жал болеста беше посилна.

Погледнете ги и останатите објави на оваа млада дама чиј живот, за жал, згасна прерано…

@harina_official

♬ original sound – Dali❤️🌶️DALI🌶️❤️

@harina_official

♬ original sound – mozzartsport

@harina_official

♬ original sound – savastano381

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button