Реклама
ВиралноДом и семејство

Им забранува да имаат профил на социјалните мрежи, не дозволува да читаат за него: Златан Ибрахимовиќ откри каков татко е, еве што се им забрани на синовите!

Сака да ги заштити...

Реклама

Koга ќе се спомене името на кој било фудбалер, а особено на оние од рангот на Златан Ибрахимовиќ, често може да се слушне коментарот: „Лесно им е“.

фото инстаграм/Златан Ибрахимовиќ

Од една страна, факт е дека повеќето од нив водат удобен живот, но фудбалските ѕвезди не се изземени од грижите и проблемите што го мачат „целиот обичен свет“.

Маркетинг

фото инстаграм/Златан Ибрахимовиќ

Златан ги има синовите Максимилијан и Винсент и максимално е посветен на нивното воспитување.

Маркетинг

Фудбалската легенда во текот на својата кариера заработи толку многу пари што на своите деца може да им дозволи се што ќе посакaат. Сепак, тој има свои принципи и строго им брани една работа на синовите,

фото инстаграм/Златан Ибрахимовиќ

Само што ги закачи копачките на крајот од минатата сезона и се посвети на семејниот живот. Со оглед на тоа дека е ексцентричен во текот на целата кариера, тој е ексцентричен и во воспитувањето на своите синови.

фото инстаграм/Златан Ибрахимовиќ

Имено, тој во својата втора автобиографска книга наречена „Адреналин“ го опишал својот однос со синовите и колку сака да ги заштити од влијанието на надворешниот свет, особено од интернетот.

фото инстаграм/Златан Ибрахимовиќ

– Ги сакам моите деца како ништо на светот. За мене тие секогаш ќе бидат во најдобра позиција. Да ги сакаш значи да ги заштитиш, одговорно да управуваш со нивната слобода, стои во неговата книга.

Зллатан не им дозволува на синовите да имаат социјални мрежи бидејќи, како што напиша, не сака да бидат повредени од лошите работи што би можеле да ги прочитаат за него. Затоа на неговиот Инстаграм нема фотографии од неговите наследници и неговото семејство.

фото инстаграм/Златан Ибрахимовиќ

– Наместо тоа, гледам дека многу деца се објавуваат на Интернет, некои прават профил на седум-осум години и веќе имаат илјадници следбеници, напиша Златан и додаде:

– Но, дали тие деца кога ќе пораснат ќе бидат среќни што на тој начин се разоткриени? Што знаат родителите?, истакна тој.

фото инстаграм/Златан Ибрахимовиќ

Златан рече дека ќе дознае какви лаги има на социјалните мрежи, но кога ќе дојде време.

– Не се работи за држење под стаклено ѕвоно. Имам одговорност да ги водам на вистинскиот пат, тие ќе можат да продолжат како што сакаат, штом ќе го можат тоа сами, напиша Златан.

фото инстаграм/Златан Ибрахимовиќ

Инаку, како што на сите горе-долу им е познато, Ибрахимовиќ имал тешко детство, во шведското општество често го гледале како црна овца и токму поради оваа причина изгледа дека максимално ги штити своите синови.

фото инстаграм/Златан Ибрахимовиќ

Имено, со години наназад поранешната шведска манекенка, а денес маркетинг консултант, Хелена Сегер, има голема улога, а можеби и најважна во животот на еден од најпознатите фудбалери на светот.

фото профимедиа

Ибрахимовиќ никаде не оди без неа, а кога ќе го прашаат да прокоментира некоја друга жена, тој секогаш ќе каже: „Како тоа мислите друга жена. Јас сакам само една жена!“

фото профимедиа

Тие се запознале кога Златан имал 21 години, а таа 32. Кога прв пат се сретнале, тој со своето Ферари го заградил нејзиниот Мерцедес, а како што таа вели, тогаш го забележала само неговиот нос и златниот часовник на раката.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button