Реклама
Новости

Градски фаци, убави луѓе -Пристигнуваат честитки за НАЈЕКСТРАВАГАНТНИОТ македонски адвокат, а не му е роденден!

Сум бил во мака, мојата мајка почина од канцер на дебелото црево, го правев истото (пробував да ја лекувам со канабис), па не замерувам на никој што го правел истото“, констатираше Митровски пред неколку години кога се актуелизираше прашањето за легализација на марихуаната

Реклама

Гласноговорник, остар критичар, понекогаш и бескурпулозен, без влакна на јазикот, адвокатот и колумнист Јанаки Митросвки денеска не ја симна препознатливата насмевката од лицето.

Неговиот профил на фејсбук е преполн со честитки, а не му е роденден.

фото/Фејсбук

Популарниот адвокат Јанаки Митровски ја издаде својата прва книга Збирка на колумни „Разумен сомнеж“.

Маркетинг
фото/Фејсбук

Јанаки е многу популарен на социјалните мрежи, дневно објавува по неколку постови во кои го искажува своето мислење со остра критика, гласно и јасно, без заобиколкување и цензура.

фото/Фејсбук

Веќе четири ипол години Митровски пишува колумни  за „Фокус“ . Инспирацијата ја црпи од дневно-политичките случувања во државата.

Маркетинг

Ако во Македонија нема инспирација за пишување, тогаш не знам каде има, рече адвокатот неодмана во едно телевизиско интревју.

„Разумен сомнеж“ е книга од над 200 колумни кои авторот досега ги пушувал. Тој без влакна на јазикот ги критикува политичарите, функционерите, државниците, челниците… кои се на мета на некое актуелно случување во државата.

Од дете го читам весникот „Фокус“ и отсекогаш посакував да пишувам за овој печат, вели тој во интервјуто.

фото/Фејсбук

Стана препознатлив и по стилот на облекување. Ги сруши стереотипите дека адвокатите мора да се облечени во само во сиво, црно, тегет и внесе бои во мрачниот свет на адвокатите. И не само преку облеката туку и преку неговата едноставна пристапност до јавноста.

фото/Фејсбук

Покрај тоа што е ултра активен на личниот профил на фејсбук, има и негова страна  на оваа социјална мрежа „Јанаки знае“, а често го гледаме и на медиумите.

За овој пригоден настан адвокатот се појави во елегантно умерено издание.  Темни класични панталони и светла кошула бела со тегет ситни риги. Вистински џентлмен!

фото/Фејсбук

На промоцијата на неговата прва книга  присусутвуваа градски ликови, а промотор му беше познатиот водител Огнен Јаневски.

Златен Јанаки Митровски , ти честитам за издавањето на збирката колумни, ,,Разумен сомнеж” и со нетрпение очекувам ново творештво од тебе. Ти благодарам што ми даде можност да упатам пригодна реч кон огромниот број почитувачи на твоите зборови и дела, како уредник на книгата., напиша Јаневски на фејсбук ❤️

Водителот за време на промоцијата рече:

– Неговите колумни служат како огледало, рефлектирајќи ја реалноста на нашето општество и нè принудуваат да се соочиме со непријатните вистини. Со прецизно истражување и непоколеблива посветеност на кажувањето на вистината, тој ја разоткрива длабоко вкоренетата корупција што ги загрозува темелите на нашата демократија.

Јанаки Митровски на јавноста и е познат и по тоа што е голем поборник  за легализирање на канабисот. Тој е еден од основачите на здружението за декриминализација на канабисот „Билка“.

– Сум бил во мака, мојата мајка почина од канцер на дебелото црево, го правев истото (пробував да ја лекувам со канабис), па не замерувам на никој што го правел истото“, констатираше Митровски пред неколку години кога се актуелизираше ова прашање.

фото/Фејсбук

За „Разумен сомнеж“ првенчето на адвокатот Јанаки Митровски пристигнуваат многу честитки и пофалби, многумина веќе си ја набавиле оваа книга.

фото/Фејсбук

Митровски за на есен најави дека ќе објави роман наречен „Адвокат“.

фото/Фејсбук

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button