Популарни фризури што оваа пролет ќе ги „фураат“ и девојките во Македонија

Овие модни додатоци за коса ги обожаваше и Брижит Бардо

И минатата година можевме да забележиме дека модните креатори обожаваат да се играат со фризурите и вниманието на модните додатоци од облеката го преместија на косата, па така плишаните ленти станаа главен украс за на глава. Нам впрочем како и на многу други девојки од целиот свет мнооогу ни се допадна овој тренд, а деновиве имавме прилика и да видиме како две познати дами го носат истиот. Станува збор за Сиена Милер и Марго Роби кои ни покажаа два симпатични начини како да го „фураме“ и ние.

Благодарение на овој моден додаток сега секое коњско опавче може да изгледа уште поелегантно и поубаво, а можете да го користите и наместо обичен ластик за врзување на коса.

Постојат најразлични начини на кои можете да го направите тоа, а наша препорака е да експериментирате и да се обидете да го пронајдете најдобриот начин, односно оној што ќе одговара најмногу на вашиот стил и на вашето лице.

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.