Реклама
Блог

Зошто Гламур и зошто баш сега на Денот на вљубените?

Реклама

Дали сте знаеле дека жените ширум светот за Денот на вљубените секоја година добиваат околу 50 милиони ружи?

Искрено не знаевме и ние се додека не решивме да ви ја раскажеме оваа наша нова љубовна приказна …

Маркетинг

И додека едни го слават Валентин, свештеникот кој беше маченички убиен бидејќи не сакаше да и се покори на царската наредба и потајно ги венчаваше младите парови што тогаш беше строго забрането, другите го слават светиот маченик Трифун од Фригија, чудотворец и исцелител, заштитник на растенијата и виното. Но ние денес, на 14 февруари 2018 имаме уште една причина за славење – имено од овој ден официјално започнува со работа нашата нова верзија на порталот која овој пат е и на нова адреса. Да, новата сезона ја отвораме денес, на денот на љубовта и виното. Нашата приказна која што ја започнавме пред речиси 10 години, и тоа на 8 септември, како Штипка, денес и официјално ја продолжуваме на нова адреса. Но овој пат пред нас е задачата Гламур.мк да го направиме урбан, непретенциозен и пред се забавен свет наменет за секоја жена. И за мажи, но само за оние што се дел од позитивните работи во нашите животи. :) Да, сакаме да бидеме опкружени со позитивни луѓе кои не се плашат да фантазираат, но кои истовремено знаат како да го живеат својот сон и да ги остваруваат своите цели, храбро да чекорат напред и да уживаат во животните благодати. Продолжуваме онаму каде што застанавме, но и со неколку новини за кои сметаме дека ќе ви бидат интересни. И како што можете и сами да забележите, навлечени сме на ритамот на некоја откачена фреквенција, не дозволувајќи негативните текови да не надвладеат, давајќи го и последниот атом од себе само да бидеме креативни и успешни во ова лудо време во кое што живееме. Нашата ѕвезда водилка сте вие и се што не интересира е вашето расположение. Вашите емоции. Вашите цели. Вашите приоритети. Да, нашите содржини ќе бидат огледало на вашиот пулс кој постојано будно ќе го следиме и на сето она што вас најмногу ве интересира. Наша задача е заедно со вас да го направиме светот подобро место за живеење, а тоа ќе го направиме така што најпрво ќе се промениме себеси, со ново руво, нови идеи, нови позитивни вибрации. И ве каниме да ни се приклучите и да помогнете заеднички да шириме љубов…

Маркетинг

Да, нека овој празник на виното биде и ден кога се роди оваа нова авантура наречена Гламур. Таа треба да биде нашиот заеднички предизвик кој не се плаши да експериментира и да исплови надвор од сигурната зона, да допре во секоја пора од животот и да ги донесе само најубавите работи. Време е да бидеме свои, на свое. Без да запреме постојано ќе ве известуваме за сите новости од светот на модата, како и за најдобрите шопинг предлози кои ве очекуваат во продавниците. Продолжуваме и со нашите интервјуа и едиторијали, а што се однесува до темите во следниот период очекувајте дека повеќе ќе пишуваме за феминизмот, хомофобијата, проблемот со социјално ранливите категории, но и за сите останати теми за кои сметаме дека се релевантни и дека ќе ве интересираат. Од вас бараме само откако ќе се вратите од работа да се опуштите, да си наточите чаша добро македонско вино и одвреме-навреме да ја отворате новата мултимедијална платформа која ќе ве однесе во нашиот виртуелен свет. Или во паузите, пред и по учење, да се одморите со нешто корисно, урбано, исполнето со позитивна енергија, инспирирано од целата лепеза наречена „fashion and lifestyle“. Време е заеднички да свртиме нова страна во животот и да почнеме да ја кроиме нашата иднина. Позитивни, со насмевка и со .. гламур!

Па, среќен Трифун драги наши и не заборавајте

#makeloveNOTwar

Искрено ваши, тимот на Гламур

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button