Оваа скопјанка знае како да носи кратко фустанче во комбинација со легендарните патики
Едноставно, но неодоливо пролетно издание
Оваа девојка од Скопје ни покажа дека за потполно кул издание не ни треба многу, а нејзината едноставна пролетна комбинација ги воодушеви сите. Имено таа во склоп на кампањата на B.U., Spred the Red, Spread the Passion, објави неколку фотографии на Инстаграм на кои во преден план е нејзиниот одличен стајлинг. И бидејќи деновиве на нашите улици беше топло, згодните Македонки ги искористија пријатните временски услови за да ги „исфураат“ своите тренди парчиња. Клучот секако е вештото поигрување со бои, особено кога станува збор за секојдневните, лежерни комбинации, а оваа убава девојка ни покажа како да изгледаме кул со парчиња што сите ги имаме во плакарите.
https://www.instagram.com/p/BiNN6lrAdm_/?tagged=buspreadthepassionmkd
Нејзината комбинација е одличен доказ дека за кул изглед не ни треба многу. Тексас јакна во светло сина боја, кус црвен фустан со точки и непретенциозни ниски старки во комбинација со ранец и коњско опавче.
Инаку, само да потсетиме, овие фотографии објавени се во склоп на интернет кампањата за пролетната „BU Passion“ линија на познатиот бренд која до 6 мај ќе се одвива на социјалните мрежи во Македонија.
Spread the Red, Spread the Passion
Се што треба да направите за да учествувате во оваа кампања е да споделете фотографија која најдобро ја опишува вашата страст со хаштагот #BUspreadthepassionMKD (најдобро е некоја ваша пролетна комбинација, бидејќи така би можеле да завршите и на страните на нашиот портал :), а за возврат следуваат бројни суууупер подароци. (Дали ви кажавме дека за првото место добивате телефон Samsung Galaxy S8, додека за второто и третото шопинг во Зара со вредносни ваучери од 18000 односно 8000 денари?).
Повеќе инфо за ова прочитајте тука…