Новата пролетна сезона ни донесе бројни интересни комбинации, но овој прекрасен „look“ дефинитивно ни е еден од омилените за оваа пролет
Имено познатата модна блогерка Ксенија Деспотоска во склоп на кампањата на „BU“, „Spread the Red Spread the Passion“, сподели фантастично пролетно издание на кое не можевме да останеме рамнодушни. Впрочем и покрај тоа што и во зимските месеци не ни недостигаше модно возбудување кога е стилот на нашите девојки во прашање, со доаѓањето на пролетта улиците во Скопје буквално експлодираа од прекрасни изданија. Тоа можеме да го видиме и од фотографиите што девојките ги објавуваат во склоп на новата кампања (повеќе за ова можете да прочитате тука) но и на улиците низ нашите градови каде првите пролетни недели ни донесоа бескрајно трендовски комбинации во бои кои се хит оваа сезона.
И кога сме веќе кај боите, комбинацијата од розово и црвено која само до пред некое време беше апсолутно погрешна во модниот свет, сега е императив, а ова шик издание на атрактивната скопјанка дефинитивно може да се кандидира за „look“ на неделата. Таа не освои со нејзините широки панталони во розова нијанса кои ги носеше со црвена маица и црвени кадифени чизми, а целата комбинација дополнително ја „подигна“ со маслинесто зелен мантил, впечатлив црвен кармин и тренди очила за сонце.
https://www.instagram.com/p/BhGtiKYHPI6/?tagged=buspreadthepassionmkd
Инаку, само да потсетиме, фотографиите на Ксенија се објавени во склоп на новата интернет кампања за пролетната „BU Passion“ линија на познатиот бренд која во моментов се одвива на социјалните мрежи во Македонија.
Spread the Red, Spread the Passion
Се што треба да направите за да учествувате во неа е да споделете фотографија која најдобро ја опишува вашата страст со хаштагот #BUspreadthepassionMKD (најдобро е некоја ваша пролетна комбинација, бидејќи така би можеле да завршите и на страните на нашиот портал :), а за возврат следуваат бројни суууупер подароци. (Дали ви кажавме дека за првото место добивате телефон Samsung Galaxy S8, додека за второто и третото шопинг во Зара со вредносни ваучери од 18000 односно 8000 денари?).
Повеќе инфо за ова прочитајте тука…
Па како вие го оценувате оваа пролетно издание: погодок или промашување?