СТРЕЛЕЦ (23 ноември – 21 декември)
Ова ќе биде седмица во која ќе имате шанса да ставите крај или да решите разни недоразбирања, проблеми, интриги и други дејствија против вас. Тоа ќе ви го донесе успехот што го заслужувате! За мажите-Стрелци, може да се појават нови предлози или поволни услови во врска со работа/бизнис. Ќе имате важна и емоционална комуникација со момче или млад човек. Постои веројатност за обновување на врска или неочекувано враќање на лице во вашиот живот во знакот на Близнаци, Вага или Водолија. Оваа недела треба да подадете рака на некој со кого вашиот живот е разделен/поделен од различни причини.
ЈАРЕЦ (22 ДЕКЕМВРИ – 20 ЈАНУАРИ)
Претстојно патување или настани ќе бидат поврзани со тензии, конфликти и спорови. Можно е да патувате и да сретнете/да се запознаете со некој од друга заедница или ќе имате значајни контакти со луѓе од далеку, односно странци. Може да добиете лоши вести во врска со здравствената состојба на лице кое има здравствени проблеми веќе некое време. Едно одредено прашање може да се однесува на умрено лице од кругот на роднини/пријатели. Во некои случаи, можно е да имате чуден сон поврзан со таква личност. Добри вести и настани ќе бидат поврзани со пари, финансиски документи, понуда во врска со подобра плата и дополнителна (добро платена работа) и слично.
10 Најдобри нешта на кои децата со радост се сеќаваат и кои најмногу ги сакаат кај своите мајки
ВОДОЛИЈА (21 јануари – 19 февруари)
Пред сè, оваа седмице може да биде многу добра и успешна за вас во однос на добивање на пари, како и за сите финансиски прашања. Може да добиете пари за дете или од некој во врска со дете кое живее одвоено од вас. Успех ќе се реализира во врска со децата, раѓање на дете, роденден и сл. НОваа недела некои од вас ќе сфатат дека некое претходно искуство што сте го сметале како загуба ќе биде, всушност, основа за успех или нова можност. Привремена разделба во семејството или вклучување на роднина ќе се случи како резултат на патување, студирање, бизнис, посета… Неочекувано здравствено заболување, ваше или на некој близок, ќе биде повод за размислување и потрага по причините за оваа состојба.
РИБИ (20 февруари – 20 март)
Оваа недела финансиските интереси ќе ви биде приоритет. Ви претстои добивање пари, разговарање и потпишување финансиски документи, договори и слично. Некои средби ќе имаат позитивно влијание за решавање или стабилизирање на важни финансиски прашања. Ќе разгледувате можности, предлози за нова работа или нов дополнителен професионален/деловен ангажман. Шанса да добиете признание на работа или во бизнисот. Можна помош и заштита од високи луѓе, ако постои таква потреба. Можно е да примите или да испратите пари од/на друго место, како и други финансиски односи со луѓе кои се далеку од вас.
Големиот хороскоп за цела 2016 година ве чека овде, а за месечниот хороскоп за јули, кликнете тука.
Илустрации: Aestheticsillustrated.blogspot.mk»