Реклама
Дом и семејство

10 работи по кои децата најмногу се сеќаваат на своите мајки

Реклама

Една досетлива учителка секој 8 Март, во текот на 16 години и во различни земји, ги прашувала учениците на кои нешта со радост се сеќаваат и кои нешта најмногу ги сакаат кај нивните мајки. Одговорите се, речиси, исти кај различни генерации и во различни земји и доколку сакате вашето дете да се сеќава на вас и да ве памети со насмевка во душата, почнете да ги следите овие совети уште веднаш.

Еве ја листата на првите десет најдобри работи наведени од страна на ученици од целиот свет на кои претпочитаат да се навратат во сеќавањата и коишто најмногу ги сакаат кај своите мајки:

Маркетинг

– Да дојде во мојата соба ноќе, да ме замота в ќебе и да ми пее песна.

– Да ми раскажува за тоа каков сум бил/каква сум била како мало дете.

Маркетинг

– Да ме прегрне и бакне, да седне крај мене и да разговара со мене насамо.

– Да помине квалитетно исполнето време само со мене, без браќата и сестрите наоколу.

– Да ме храни здраво за да израснам во здрава личност.

– За време на вечерата да се договараме за она што можеме да правиме заедно за време на викендот.

– Во вечерните часови да ми зборува за сешто; љубов, училиште, семејство…

– Да ми дозволи да си играм надвор долго.

– Да ме гали додека ја гледаме омилената телевизиска серија заедно.

– Да ме дисциплинира. На овој начин, чувствувам дека таа се грижи за мене.

– Да ми остава посебни пораки на мојата работна маса или во ранецот.

mum second

Драги наши читателки-мајки, проширете го списокот со оние нешта кои вашето дете ги сака кај вас (топлите кифлички или палачинки, на пример) и ВЕДНАШ почнете со нивно применување. Еден ден, ќе ὺ бидете благодарни на „Штипка“ за овој текст!

 

Поврзано

Back to top button