НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП за периодот 25-31 ЈУЛИ, 2016: Девиците ги чека значаен настан, Близнаците ќе имаат успех во љубовта. Што ве чека вас?
СТРЕЛЕЦ (23 ноември – 21 декември)
Оваа недела за мажите-Стрелец кои не се во брак можно е ново романтично познанство со соодветна партнерка. Најверојатно, ќе имате проблеми со машко лице во знакот на Близнаци, Водолија или Риби. Ова е особено точно за жените-Стрелец кои имаат партнер во еден од овие три хороскопски знаци. Конфликт со жена поради финансиски контроверзии или конфликт на интереси поврзан со пари. Оваа недела ќе ви биде мило присуството на девојка или млада жена. Нова девојка/жена во семејството или во вашата професионална средина. Неочекувани вести или настани поврзани со лица во знакот на Овен, Лав или Стрелец. Обрнете внимание на настаните во среда, тие се повторување на нешто од минатото.
ЈАРЕЦ (22 ДЕКЕМВРИ – 20 ЈАНУАРИ)
Пред вас е успешна и интересна недела, особено ако имате доволно енергија и амбиција да го реализирате она што ќе ви се даде како шанса и можност во наредните денови. Вие самите ќе разгледувате некои смели чекори во врска со презентирање на вашите идеи, уметнички дела доколку сте креативна или уметничка личност. За жените-Јарец ќе има важен настан поврзан со вашиот татко, дедо, брат или други машки лица во вашето потесно семејството. Може ќе добиете вести или покана од машко лице за настан поврзан со веридба или свадба. Финансиските работи нема да бидат толку поволни за вас, но во секој случај, не постои причина да се грижите. Може да се разочарате во вашите очекувања за пари поврзани со лице во знакот на Лав, Стрелец или Шкорпија.
10 Најдобри нешта на кои децата со радост се сеќаваат и кои најмногу ги сакаат кај своите мајки
ВОДОЛИЈА (21 јануари – 19 февруари)
Можно е да донесете одлука во однос на домување, имот, промена на домот и многу повеќе. Финализирање на развод на ваши роднини или пријатели, што веројатно е најдобро за нив. Разговори или настани ќе се случат во врска со наследување, имот на родители или роднините, осигурување на возрасни и сл. Ќе чекате повик, вести или документ од финансиска природа што треба да ги добиете преку една жена. Ќе уживате во кеш, особено жените-Водолија. Настан ќе се случи во вашиот дом по повод важна прилика или поврзан со нечие однесување или како резултат на важен разговор. Младите мажи-Водолија ќе имаат неочекуван мал дополнителен приход. Во вашиот љубовен живот ќе дискутирате за важни идни планови.
РИБИ (20 февруари – 20 март)
Оваа недела може да ги израдува или награди мажите-Риби со успех во образованието или кариерата. Ќе бидете во прилика да доделите или оддадете признание на публика/слушатели/гледачи во некој специјален настан. Има изгледи за појава на нова машка личност во вашиот живот, најверојатно во знакот на Близнаци Вага или Водолија и ќе направи да го смените мислењето за многу работи. Не се работи за љубовна врска, затоа што овој настан ќе влијае подеднакво и на мажи и жени во знакот на Риби. Наскоро, сериозно ќе го разгледувате предлогот, информациите и другите нештара поврзани со ова лице. Ќе има доцнења во остварување на ваши планови или ветувања што ви се дадени. Не брзајте со заклучок дека ова е дефинитивна загуба или губење време. Интересни настани се пред вас; бидете трпеливи.
Слика од филмот „Одмор во Рим“, 1953, со Грегори Пек. Се чини дека и седмата уметност не може без тоа слатко, ладно задоволство во текот на летниот одмор!
Големиот хороскоп за цела 2016 година ве чека овде, а за месечниот хороскоп за јули, кликнете тука.
Илустрации: Aestheticsillustrated.blogspot.mk»