Оваа диета е поделена во три циклуси од по 17 дена. Во првата фаза се губат од 4-6 килограми.
Се заснова на книгата на Мајкл Рафаел Морено и помага да се регулира телесната тежина во краток временски период.
Како што кажавме, диетата е поделена во три циклуси од по 17 дена.
Во првиот циклус (забрзување) се внесуваат околу 1.200 калории дневно, се намалува внесот на шеќер и главниот фокус е на подобрување на варењето на храната. Во оваа фаза се губат од 4-6 килограми, иако тие главно се состојат од вишок вода во организмот.
Вториот циклус (активирање) претставува комбинација на спроведување на план на исхрана со ограничен внес на калории. Оваа комбинација придонесува за забрзување на метаболизмот и побрзо согорување на мастите. Во оваа фаза се губат околу 2,5 килограми.
Третиот циклус (остварување на целта) помага да се усвојат здрави навики за јадење, и притоа се губи уште еден килограм.
Четвртиот, последниот циклус (доаѓање до целта) всушност треба да продолжи и по завршувањето на диетата. Во текот на неделата јадете здрава храна за да ја одржите вашата идеална тежина, а за време на викендите е дозволено да се почестите со вашите омилена храна (но секако, не треба да претерувате!).
Вежбање
Вежбањето е клучен дел на оваа диета. Во текот на првиот и вториот циклус треба околу 17 минути дневно да правите некои едноставни вежби, како одење. Во текот на третиот циклус треба да се прават кардио вежби во времетраење од 40-60 минути, неколку пати неделно. За време на викендите е доволно да вежбате или да се движите по околу еден час.
Диета со јаболки – како да намалите 10 килограми за 7 дена >>
Исхрана
Диетата не вклучува строг план на оброците. При изборот и подготовката на храната треба да се раководите од следниве принципи.
Храна што треба да се избегнува:
– шеќер (сите видови на шеќер, природни и обработени)
– лоши масти
– солена храна
– се што содржи многу шеќер и масти (обичниот кечап на пример содржи шеќер, додека павлаката има многу масти)
– алкохол
– овошје и храна која содржи скроб не јадат по 14 часа.
Диета со компир и јогурт – до 5 килограми помалку за само 3 дена >>
Што можете да јадете
#. Прв циклус
– чисти протеини – неограничено (риба и живина)
– јајца – до 2 на ден (ако имате проблеми со холестерол, немојте да јадете повеќе од четири жолчки од јајце во текот на една недела, белки можете да јадете)
– зеленчук – неограничено
– овошје со помалку шеќер – 2 порции на ден (1 порција е 1 цело овошје или 1 чаша исечено свежо овошје). Овошје не се јаде по 14 часот попладне.
– овошјето и зеленчукот треба да се јадат свежи и сирови (освен моркови и домати)
– пробиотичка храна – 2 пати на ден (јогурт, кефир, сирење …)
– добри масти – 1-2 лажици дневно (маслиново масло, ленено масло)
– додатоци, како што се зачини, билки, сосови со мала содржина на јаглехидрати, вештачки засладувачи
– пијалаци – вода, минерална вода, зелен чај (3 шолји на ден), билни чаеви, кафе или чај (без шеќер и млеко; максимум 3 шолји на ден)
Избегнувајте:
– овошје со многу шеќер
– храна со многу скроб – житарки, мешунки и зеленчук како компири, пченка, батат и т.н.
– црвено месо, свинско месо, преработки од месо
#. Втор циклус
Во оваа фаза се јаде храната од првиот циклус, во комбинација со храна од вториот циклус. Првиот ден од диетата се јаде нешто од листата на храна за вториот циклус, а следниот ден на диетата се јаде нешто од листата за првиот циклус.
– протеини – наместо неограничена количина, порциите треба да бидат големи како просечно сунѓерче за миење садови (чисто месо, риба, протеин од сурутка)
– пробиотичка храна – може да се јаде полномасен јогурт наместо немасен
– овошје
– природен скроб – не повеќе од 2 порции на ден, и никогаш не по 14 часот (мешунки, интегрални житарки, зеленчук кој содржи многу скроб: компири, батат, пченка …)
– засладувачи – можете да користите нектар од агава
#. Трет циклус
Овој циклус вклучува повеќе јаглехидрати, а помало количество на протеини. Можете да ги јадете намирниците од првите две фази, а со нив е дозволено да се јаде и порција леб или млеко или млечни производи. Освен претходно наведените намирници во оваа фаза можат да се јадат и путер или мајонез со ниска масленост и ореви.
Пијте вода (саси) и ослабете 10 килограми за еден месец >>
Може да се пие и еден алкохолен пијалак.
#. Четврт циклус
Одржувањето овозможува консумирање на целата храна од сите претходни циклуси, и за време на викендите можете да јадете што сакате (во умерени количини).
Изгубете 15 килограми за 3 недели со здравата диета со ориз >>