Џулија Робертс во високи потпетици во какви ретко ја гледаме и фустан во бојата која ќе биде хит оваа пролет
Џулија Робертс ги воодушеви сите кога се појави со нејзиното прекрасно издание на 91-то доделување на Оскарите кое се одржа во салата Долби во Лос Анџелес.
Познтата холивудска актерка ги привлече погледите со впечатливите високи потпетици во силна розова нијанса и со потписот на престижната модна куќа Стјуарт Вајцман кои се продаваат по цена од околу 500 долари..
Прекрасна жена ја додели последната награда за најдобар филм. Таа за победник го прогласи филмот „Зелената книга: Водич за живот” од режисерот Питер Фарели. За оваа пригода носеше преубав фустан од либанскиот дизајнер Ели Сааб во неонска розова нијанса, боја која доминираше на црвениот килим на Оскарите оваа година.
Долгиот фустан со едно голо раме и асимерични карнери во долниот дел Џулија го носеше со високи потпетици од 10 сантиметри со потписот на Стјуарт Вајцмн со кои ги воодушеви сите.