Медиумите во регионот деновиве објавија гласини дека Џејла Рамовиќ е во врска со младиот пејач Матеја Вукашиновиќ.
Во прашање е пејач кој се прослави со учеството во првата сезона на „Пинкови ѕвездички“, а еве што изјави Џејла за тоа.
Имено, таа деновиве во медиумите ги демантираше ваквите гласини и потврди дека на еден настан се појавиле заедно со нејзиниот колега, но како пријатели и дека нема ништо повеќе од пријателство меѓу нив двајцата.
„Навистина ми е жал што луѓето создаваат слика за мене на основа на претпоставки. Тие мислат дека се што ќе прочитаат за мене е вистина, како што е приказната за моето наводно момче, но и за други работи. Но со оваа работа просто доаѓаат и таквите маки, па јас морам да живеам со тоа. Одлучив дека ова ќе биде мојот пат и секако дека ќе има препреки“.
Бидејќи нејзиниот приватен живот е под лупа постојано и јавноста се интересира за неа, своевремено се шушкаше и дека е во врска со фудбалерот Фарис Зубановиќ.
Џејла досега нема ништо коментирано за овие гласини.
Извор: Аваз.ба.