Џејла Рамовиќ блескаше на свадбата на својата родена сестра Лејла – ПОГЛЕДНЕТЕ ја и венчаницата и првиот танц на невестата
Младата пејачка Џејла Рамовиќ изгледаше како кукла на свадбата на својата сестра…
Џејла Рамовиќ беше главна во организација на моминската вечер, а нејзината постара сестра и кумата и помогнаа.
Моминската вечер беше организирана на базен, но во тајност, така што нејзината сестра Лејла беше изненадена.
Поранешната победничка во „Ѕвездите на Гранд“ и останатите девојки цели два дена се дружеа во изнајмена вила со базен, а журката што траеше целото време беше само вовед за сето она што следуваше потоа.
На трпезата имаше сé и сешто, од овошни салати, до торти и шампањско, додека најстарата сестра Шејла беше одговорна за коктелите.
Сите гостинки вклучувајќи ја и Џејла беа облечени во бело со што го испочитуваа дрес кодот.
Џејла овој настан го организираше со многу љубов, а нејзините фанови беа воодушевени од фотографиите.
Но главното следуваше кога нејзината сестра Лејла го кажа своето судбоносно „да“ на момчето Дино Јолдиќ.
Џејла на свадбата во еден момент се фати за микрофонот и со својата емотивна изведба ја разубави свеченоста.
Таа и нејзината сестра Џејла блескаа во розови фустани, а како изгледаа погледнете во продолжение.
Церемонијата беше одржана во луксузна вила во Мостар, а меѓу присутните имаше многу инфлуенсери.
Инаку, Дино и Лејла се свршија во септември 2020 година, а нивната свадба беше одложена заради вирусот корона.
Дино е фотографи и сопственик на фирмата „Blink Weddings“, која се занимава со фотографирање и снимање на венчавки.
Бонус галерија
Првиот танц на Лејла
Фото: Инстаграм/ Џејла Рамовиќ
Фото: Инстаграм/ Џејла Рамовиќ
Фото: Инстаграм/ Џејла Рамовиќ
Фото: Инстаграм/ Џејла Рамовиќ
Фото: Инстаграм/ Џејла Рамовиќ
Фото: Инстаграм/ Џејла Рамовиќ
Фото: Инстаграм/ Џејла Рамовиќ