Џастин Тимберлејк наполни 38 години, а неговиот роденден одлучи да го прослави со неговата сопруга, Џесика Биел.
Но, вечерта не започна како што планираше пејачот. Имено, неговата сопруга заспа во автомобилот пред да стигнат на прославата. Џастин овој момент го сними и објави на Истаграм.
Џастин на видео-снимката почна тивко да пее „среќен роденден за мене“, и кога камерата ја сврте кон сопругата која спиеше почна погласно да пее за да ја разбуди. И тоа му успеа.
https://www.instagram.com/p/BtRxGD5hxCU/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_video_watch_again
„Јас само се подготвувам за одличена забава, вели Џастин, Џесика му рече: „Тргни ја камерата”. Со оглед на тоа што тие двајца имаат тригодишно дете, целосно го разбираме нејзиниот замор. Таа му го честиташе роденденот објавувајќи стара „срамотна ” фотографија со следнава порака:
https://www.instagram.com/p/BtUWUm5lPXk/?utm_source=ig_embed
„Од времето на срамните розови бикини со фалти и фотографирајќи се под вода, ти ми донесе среќа и смеа во мојот живот, те обвинувам за моите „смешни“ брчки .Не би ги сменила за ништо во животот, бидејќи сум најсреќната жена во светот која може секојдневно да ги слуша твоите шеги, и твојот глас. Среќен роденден човеку од моите соништа, те сакам “, напиша Џесика.
Инаку, Џесика и Џастин се заедно од јануари 2007 година. Тие во брак стапија во 2012 година, а во 2015 година го добија својот прв син Силас.