Холивуд

Џенифер Лопез со селфи без шминка потврди дека годинава во мода е природната убавина

Advertisement

Таа често истакнува колку сака да се грижи за својата кожа, но тоа го докажа и со оваа селфи фотографија на која е без шминка и повторно блеска во полн сјај..

Advertisement

Без филтри и без грам шминка Џенифер „заработи“ повеќе од два милиони лајкови за само неколку часа, но и море од позитивни коментари од нејзините верни обожаватели кои се воодушевени од тоа колку добро изгледа нивната пејачка иако наскоро треба да наполни 50 години.

„Откриј ни ја тајната како ја негуваш твојата кожата!”, „Изгледате неверојатно добро”, „Сè уште не можам да поверувам дека имаш 49 години!” се само дел од коментарите на нејзините верни обожаватели.

https://www.instagram.com/p/Bsy2BJKA762/?utm_source=ig_embed

 

Но покрај тоа што бевме воодушевени од фотографијата на која е без шминка, Џенифер не потсети и на едно заборавено парче накит, а тоа се огрлиците со големи имиња кои беа голем хит во 90-тите и почетокот на милениумот, а кои најверојатно наскоро повторно ќе доживеат ренесанса, како и многу други „повратници“ од овој период.

 

Инаку, не би биле изненаден ако Лопез инспирација за оваа природна фотографија ја доби Кеша која покрена целата револуција на социјалните мрежи објавувајќи исто така, селфи фотографија на која е само без шминка и на која гордо ги покажува пегите од своето лице.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button