Атрактивната латино дива Џенифер Лопез (50) на сетот на својот најнов филм „Marry me“ во кој глуми со Џон Бредли се појави во страсно црвено издание со кое никого не остави рамнодушен.
Убавата пејачка и актерка носеше тесен црвен фустан украсен со многу блескави светки со патент кој се протега низ целата должина на фустанот.
Џенифер ги воодушеви сите посебно затоа што и во петтата деценија од животот може без проблем да носи едно вакво издание и да изгледа подобро од двојно помлади колешки од неа. Во преден план е нејзината позадина која како што е познато е осигурана на милион долари. Но она што е непознато е како успеала да влезе во олку тесен фустан.
Гламурозното издание го заокружи со црвени високи потпетици од Џанвито Роси кои на прстите имаат проѕирни ленти и во комбинација со високите потпетици од 10 сантиметри визуелно ги издолжи нозете.
Па, што велите за ова издание на Џенифер?