Џенифер Лопез во „мокри“ хеланки што НЕ ја простуваат ниту најмалата несовршеност
Џенифер Лопез обожава да носи хеланки
Џенифер Лопез започна со снимањето на новиот филм „Hustlers“ во Њујорк, во кој глуми поранешна стриптизерка. Филмот се снима на улиците во Големото јаболко, а познатата актерка и пејачка беше забележана во спортско издание кое многу дами избегнуваат да ги носат.
Имено во нејзината спортска комбинација доминираа тесните хеланки со ефект на влажен отсјај кој ја оцртува секоја женска облина, а убавата латино дива ги носеше во комбинација со бела „кроп-топ“ маица под која се познаваше нејзиниот совршено затегнат стомак и црн дуксер.
Поп дивата целото издание го заокружи со своите омилени патики – модел украсен со златни делови и со скриени високи потпетици кои го издолжуваат телото, со потписот на Џузепе Заноти, а целото издание го заврши со предимензионирана чанта во ефектно сребрена нијанса.