Џенифер засекогаш го пречкрта Џастин Тирокс – еве што прави сега и зошто поранешниот сопруг воопшто НЕ го ни споменува!
Познатата актерка во нови животни предизвици

Откако се разведе од Џастин Тирокс, Џенифер Анистон ја поврзуваа со неколку мажи, но таа самата откри на што се посвети откако и се распадна бракот и зошто повеќе не сака да зборува за него. Имено, Џенифер моментално снима нов филм во Италија со колегата Адам Сандлер, а оваа есен ја очекува новиот проект на „Нетликс“ „Murder Mystery“. Изгледа дека познатата 49 годишна дама по разводот целосно и се посвети на кариерата, а покрај снимањето времето го користи и за дружење со пријателите, па така неодамна ги посети Амал и Џорџ Клуни во нивната вила на езерото Комо.

По две и пол години брак Џенифер и Џастин решија да се разведат и да тргнат по одвоени патишта, а за да не мисли воопшто на поранешниот сопруг, за кого сега дури и не зборува, Џенифер го минува времето во Европа максимално посветена на својот живот и кариерата.



