Џенифер Анистон и во петтата деценија изгледа феноменално – познатата холивудска актерка ја откри тајната на своето совршено тело
Годините не и можат ништо
И покрај тоа што наполни 50 години, многумина се согласуваат дека изгледа подобро од многу помлади од неа. Таа вели дека за нејзиниот изглед виновни се здравиот живот, добрата исхрана и редовните тренинзи.
Имено, познатата холивудска актерка вежба еден час дневно, по пет пати во неделата, додека викендот и е резервиран за одмор и собирање сила за следните денови. Што се однесува до тренинзите, таа комбинира теретана и јога, а често вежба и во својот дом со некое видео од интернет, додека најмногу ужива во своите кардио тренинзи.
Еве како изгледа еден тренинг на Џенифер Анистон во теретана
15 минути вози велосипед, 15 минути трча на лента и уште 15 минути нордиско скијање
Не изгледа дека е тешко, но доволно е сосема за добар изглед.
Нејзината исхрана е исто така многу здрава. Таа шест дена во неделата јаде храна која има мал процентна јаглехидрати, а е богата со протеини, додека еден ден во неделата си дозволува да изеде што и да посака.
Нејзиното правило гласи – јадете колку можете повеќе органско овошје и зеленчук, шеќер избегнувајте, консумирајте големи количини вода и спијте доволно.
Еве како изгледа нејзината исхрана
Наутро во главно јаде нутритивен богат појадок како што е овесна каша или кајгана од едно цело јајце и три белки, или едноставно пие смути.
Ручекот и вечерата во главно се обилни со протеини. За тие оброци најчесто избира салати со пилешко или туна.
Покрај овие три основни оброци, практикува и ужина меѓу нив. Измеѓу оброците јаде некое овошје или зеленчук.
Џенифер не е фан на некои ригорозни диети, но смета дека здравата исхрана е клуч за добриот изглед и чувство.