Кајли Џенер е горда на своето тело откако се породи, па речиси секојдневно се фали со него на социјалните мрежи.
Овој пат Џенерката објави фотографија на која позира свртена кон огледалото, облечена во тесен фустан така што и се оцртува секој дел од нејзиното тело. Таа покажа како изгледа фустанот и од предната страна, а од него беа воодушевени и претставниците на посилниот пол.
https://www.instagram.com/p/Bu75udKH4EZ/
Најмладиот милијардер во историјата
Инаку, „Форбс“ неодамна објави дека најмалата сестра од кланот Кардашијан – Џенер ги заработи своите први милијарди долари и со тоа стана најмладиот милијардер во историјата кој сам ги заработи парите.
Кајли веќе минатото лето ја красеше насловната страна на ова престижно списание, која заедно со една објава беше најавено дека наскоро може да го сруши рекордот што дотогаш го држеше основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг, кој стана милијардер на 23 години.
Милијарда долари на сметка се по големиот успех на нејзиниот бренд за убавина, „Kylie Cosmetics“ заедно со парите заработени од реалити шоу на семејството и соработувајќи со други познати брендови, открива „Форбс“.
https://www.instagram.com/p/Bu7-2okH6Gd/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_camera
Па, што велите за ова издание на жешката милијардерка?