Обожавателите најпрво беа воодушевени од веста дека Џастин Бибер и Хејли очекуваат дете, но тогаш сфатија дека е во прашање фотографија од ултразвук која што е потполно идентична како на пребарувачот Гугл.
Џастин Бибер толку се занесе со првоаприлската шега што ја налути дури и неговата сопруга, Хејли Болдвин (22).
Имено, тој објави фотографија од ултразвук и гордо соопшти дека наскоро ќе стане татко, а обожавателите откако му честитаа на среќната вест, сфатија дека во прашање е шега за први април.
„Ова е толку невскусно што ми се гади. Навистина претера со ова. Навистина си билен“, му порачаа разочарано фановите.
И неговата сопруга Хејли не беше воодушевена од неговата „генијална“ смисла за хумор, па напиша покрај фотографијата од ултразвук: „Многу смешно!“
Но по ова Џастин не престана да се „шегува“. Тој објави уште една фотографија на која е неговата сопруга, а докторите и го прегледуваат стомакот.
„Ако мислите дека се шегувам, размислите повторно“ – беше упорен Џастин, а по неколку часови објави уште една фотографија од ултразвук, а на неа имаше куче, наместо бебе.
„Чекајте малце, па денес е денот на будалите?!“, напиша тој, а обожавателите жестоко го нападнаа: „Ти си будала. Го разбравме тоа уште пред три часа. Навистина си ненормален“ му порачаа тие.