Актерот и фронтменот на бендот „Thirty Seconds to Mars“ со секое појавување во јавноста покажува дека машката мода не мора да биде досадна.
Џаред Лето не е еден од оние фраери кои доаѓаат на гламурозните настани во костуми (освен ако на нив немаат светки или цвеќиња) и често неговите стајлинзи ги засенуваат и познатите дами. И покрај тоа што со неговото последно издание не успеа да засени никого, сепак, повторно тој успеа да се издвои од толпата на Модната недела во Милано.
Имено, Џаред на ревијата на својата омилена модна куќа Гучи се појави во широк цветен фустан кој го носеше во комбинација со сива тренерка и „валкани” патики, а целото издание го заокружи со необична марама со качулка. И како што веројатно веќе погодивте, целиот стајлинг е потпишан само со Гучи, а патиките кои што ги носи не се навистина валкани, туку намерно се направени да изгледаат износено и истите токму заради тоа чинат околу 1000 долари.