Џамбо Агушев ја покажа својата нежна страна – статусот посветен на НАЈВАЖНАТА ДАМА во неговиот живот ги изненади сите!
Кралот на трубата ја покажа својата емотивна страна и напиша емотивна порака со која ги трогна сите.
Не постои човек на Балканот, а веќе ни во светот кој не слушнал за оркестарот Агушеви.
Исеин Џамбо Агушев првпат допрел труба кога имал само 3 години, кога неговиот татко се вратил од настап.
Кога мајка му слушнала дека малиот Џамбо фатил тон уште на три години, што е инаку исклучително тешко и кога се има искуство, била пресреќна.
Иако може да се пофали со свтска кариера, вели дека најдобриот совет што го добил од неговиот татко е колку и да си на рвот, секогаш да бидеш добар човек и да се однесуваш скромно.
За пример и идол во својата работа го смета својот чичко.
„Морам да кажам дека му се восхитувам на целото мое семејство, но особено на мојот покоен чичко Кочо Агушев од кого научив да свирам труба. Јас до 16 години со него заедно и спиев од што го сакав. Бев возрасен, но не можев да се одвојам од него. До ден денеска вистински цимер ми е и мојот татко, со кого постојано сме заедно“, изјави Џамбо.
Кралот на трубата веќе 11 години е во брак со неговата сакана Асена.
Нивната љубов започнала на многу интересен начин.
Асена е Турчинка која живеела во Германија.
За време на настапот на Агушеви во Германија, Џамбо ја забележал Асена во првиот ред во публиката и веднаш му паднала во око. Кога се доближила да се фотографира со него, тој ѝ побарал телефонски број и така започнала нивната љуов.
Асена е исклучително убава жена.
Дефинитивно каде и да се појави не може да остане незабележана, па токму тоа е и причината зошто славниот музичар се заљубил во неа. Негувана, отмена, грациозна русокоса, која плени со својата убавина.
Круна на нивната љуов се секако нивните три деца, синот Мерт, ќерката Севги и најмлата Мелинам.
Деновиве малата Мелинам го прослави првиот роденден.
По тој повод гордиот татко напиша емотивен статус со кој ги воодушеви сите.
Не може човек да остане рамнодушен на емоциите кои еден татко ги споделува за својата ќерка.
„Ќерка ми, мојот единствен нежен цвет, мојот најубав поглед на животот, мојата Мело, душата на тато, секој пат кога ќе ме погледне, секој пат кога ќе ме прегрне, доживувам такви прекрасни чувства што никој не може да ми ги даде, тоа е чувство, љубов, топлина.
Присуствував на милиони концерти пред илјадници луѓе, но не бев возбуден, но кога те гледам, твојот поглед е најважен. Тоа ме прави толку возбуден секој пат што не можам да ти го кажам, можам само да ти го кажам ова, око мое убаво, те сакам повеќе од се.
Среќен роденден, мило ми е што си мое девојче со очи од монистра. Господ да ти даде долг живот моја мила ќерка Мело“, напиша тој на Фејсбук.
Фото: Фејсбук / Џамбо Агушев
Фото: Фејсбук / Џамбо Агушев
Фото: Фејсбук / Џамбо Агушев
Фото: Фејсбук / Џамбо Агушев
Фото: Фејсбук / Џамбо Агушев
Фото: Фејсбук / Џамбо Агушев
Фото: Фејсбук / Џамбо Агушев
Фото: Фејсбук / Џамбо Агушев
Фото: Фејсбук / Џамбо Агушев
Фото: Инстаграм/ Џамбо Агушев
Фото: Инстаграм/ Џамбо Агушев
Фото: Фејсбук / Џамбо Агушев
Фото: Фејсбук / Џамбо Агушев
Фото: Фејсбук / Џамбо Агушев
Фото: Фејсбук / Џамбо Агушев
Фото: Фејсбук / Џамбо Агушев
Фото: Фејсбук / Џамбо Агушев