Џакузи, базен, палми – нашата позната фолк пејачка се пофали со ЛУКСУЗНАТА куќа од 150.000 евра што ја изгради со сопругот
Нашата позната пејачка Елизабета Недановска Јосифовска покажа како изгледа нејзината нова куќа која се наоѓа во скопската општина Илинден.
Бети на социјалните мрежи објави неколку фотографии од нејзиниот нов дом кој се наоѓа во населбата Јака, во скопската општина Илинден.
Од фотографиите можеме да видиме дека куќата е изградена во модерен, медитерански стил со големи тераси.
Куќата е со три ката, а како што пејачката изјави за ММС, на кровот, каде има голема тераса, ќе биде направено џакузи.
Во куќата преовладува белата и црната боја, во комбинација со боја на дрво. Има многу цвеќиња, а Бети планира и дворот да го украси со многу зеленило и базен.
Бети заедно со својот сопруг Влатко реши да се врати во Македонија, каде го направија својот вистински мал рај.
Тие оваа пролет планираат комплетно да ја довршат, а се вселија на празникот Мала Богородица.
Инаку Бети и Влатко се заедно веќе три години. Од Македонија тој амина за Америка, а пејачката за Австралија.
Таа живееше во Мелбурн, а тој во Флорида, но сега се решени да се вратат во Македонија каде, како што вели самата пејачка, патиштата повторно им се вкрстуваат. И бидејќи и двајцата сакаат да го избегнат градскиот метеж и загадениот воздух, решија да живеат надвор од градот.
Како изгледа сега нивниот дом погледнете во продолжение.
Инаку Елизабета која е позната како најатрактивната фолк мама на нашата сцена, е мајка на младата Гранд ѕвезда Александар Јосифовски.
Тој во шоуто се пријави токму заради неговата мајка, но тогаш и кажал дека тоа ќе го направи само под еден услов – неговата мајка да се врати на сцената. Од тие причини и Елизабета, во октомври 2019 снимаше и спот за песната „Ем го мразам, ем го сакам“, песна со која настапи на фестивалот „Тримери“ во Струмица во далечната 1996 година. Таа својата музичка кариера ја започна на 14 годишна возраст, во 1986 година, а почна да работи и на нови песни, но поради пандемијата, плановите ги одложи за во иднина.
Што се однесува до куќата, Елизабета за порталот „Свет-Австралија“ изјави дека ќе ги чини околу 150.000 евра.
Таа вели дека со сопругот се романтични души и дека уживаат во втората младост, а омилено место најверојатно ќе и биде покрај базенот, но и на кровната тераса каде ќе може да се сонча и да ужива во џакузито.
Фото: Фејсбук/ Елизабета Недановска Јосифовска

Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин