Ѝ ја врати насмевката на лицето: Јулија пресреќна – „Моето љубовче ме чести“

Овој гест предизвика насмевка на лицето кај македонската водителка.
Јулија беше на ручек со својата внука, па моментот го овековечија со фотографии.
И покрај трагедиите кои ги има доживеано, насмевката и понатаму е заштитен знак за оваа жена.

Таа преку својот пример им дава мотив и сила на нејзините фанови, кои како неа, поминуваат низ тежок период.
Додека беше многу млада го изгуби сопругот и отана сама да се грижи за својата ќерка Андријана.

Таа беше и мајка и татко за неа, а подоцна заедно се грижеа за ќерката на Андријана, Стефанија.
Јулија синоним за храбра и силна жена, која покрај сите тешкотии останува да се бори.

Минатата година беше исклучително тешка за неа.
По долго боледување од канцер, згасна животот на Андријана.
Битката со болеста Андријана и Јулија ја споделува на социјалните мрежи, каде се трудеа да влеат надеж кај оние кои поминуваат низ истото како нив.

По загубата на чедото Јулија со сета сила се труди да продолжи напред, а мотив за тоа ѝ дава нејзината внука Стефанија, која е нејзина најголема гордост.
Стефанија веќе почнува да реди упеси како актерка, а Јулија е најгорда на неа.

Овој пат таа одлучи да ја изнесе својата баба на ручек и тоа разбуди насмевка кај Јулија.
Јулија беше на ручек со својата внука, па моментот го овековечија со фотографии.
„Ручкаме…Стеф чести. А, јас пресреќна што моето љубовче ме чести“.

ФОТО: Фејсбук / Јулија Мациевска
ФОТО: Фејсбук / Јулија Мациевска
ФОТО: Фејсбук / Јулија Мациевска
ФОТО: Фејсбук / Јулија Мациевска
ФОТО: Фејсбук / Јулија Мациевска
ФОТО: Фејсбук / Јулија Мациевска
ФОТО: Фејсбук / Јулија Мациевска
ФОТО: Фејсбук / Јулија Мациевска
ФОТО: Фејсбук / Јулија Мациевска
ФОТО: Фејсбук / Јулија Мациевска
ФОТО: Фејсбук / Јулија Мациевска
ФОТО: Фејсбук / Јулија Мациевска
ФОТО: Фејсбук / Јулија Мациевска
ФОТО: Фејсбук / Јулија Мациевска