Ѝ се погоди свекрвата на македонската „Гранд ѕвезда“ – среќна за синот и снаата се огласи на Фејсбук
Веста за веридбата на македонската пејачка се прошири со брзина на светлината, па честитките никако да престанат.
Младата Мими Јовановска која македонската јавност, па и Балканот ја запознаа по учеството на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, соопшти прекрасна вест.
Мими со своето прво појавување во шоуто веднаш ги освои жирито у публиката.
Нејзините фанови со нетрпение ги очекуваат нејзините настапи.
Оригинална и талентирана, Мими и тоа му покажа на Балканот како изгледа и звучи една светска ѕвезда.
Извонреден глас, стас, убавина, талент и професионалност, се само дел од работите со кои може да се опише Мими.
„Таа има се што и е потребно на една пејачка. Има добар фалсет, добра динамика“, изјави менторот на Мими, Џенан Лончаревиќ една пригода за неприкосновениот талент на Мими.
Снимката од нејзината изведба на безвременската бала од Пепи Бафтировски „Ако згрешам нека изгорам“ и „Животе мој“ од Уснија Реџепова е една од најгледаните на шоуто. Младата Мими овие песни ги изведе на генијален начин и предизвика овации кај публиката.
Се појави од малиот Велес, а го освои регионот.
На самото шоу ја пријавила нејзината мајка, пејачката не ни знаела дека е пријавена.
Дознала откако ја побарале од Гранд.
Најголема поддршка во се е секако нејзиното семејство.
Талентот за музика го наследила од својата мајка.
Мајката на убавата пејачка изгледа навистина прекрасно, па постојано добиваат комплименти дека изгледаат како сестри, а не како мајка и ќерка.
Нејзината мајка и помладиот брат живеат во странство, па Мими е особено среќна кога тие се враќаат во Македонија.
Освен нив, најголема поддршка ѝ е нејзиниот партнер Филип.
Тој ја придружуваше Мими и додека настапуваше на Ѕвездите на Гранд.
Филип е исто така музичар и е дел од бендот со кој Мими настапува.
Младиот пар деновиве сподели прекрасна вест.
Филип одлучи да заврши со ергенскиот живот, па ја запроси Мими.
Пејачката веднаш сподели фотографии од среќниот момент, на кој се гледа дека
Филип се потрудил да направи романтична атмосфера, со свеќи, балони, цвеќиња и торта.
Во преден план на фотографиите секако е вереничкиот прстен кој Мими го покажа на својата публика.
„Милион пати да”, напиша таа во опис на фотографиите и го покажа вереничкиот прстен.
Мајката на Филип, идната свекрва на Мими, не се воздржа и својата среќа ја искажа на социјалните мрежи.
„Си имам снаа! Да сте цел живот среќни“, напиша таа на Фејсбук.
Фото: Принтскрин
Фото: Инстаграм / Филип Нуне
Фото: Инстаграм / Мими Јовановска
Фото: Инстаграм / Мими Јовановска
Фото: Инстаграм / Мими Јовановска
Фото: Инстаграм / Мими Јовановска
Фото: Инстаграм / Мими Јовановска
Фото: Инстаграм / Мими Јовановска
Фото: Инстаграм / Мими Јовановска
Фото: Инстаграм / Мими Јовановска
Фото: Инстаграм / Мими Јовановска
Фото: Инстаграм / Мими Јовановска
Фото: Инстаграм / Мими Јовановска
Фото: Инстаграм / Мими Јовановска
Фото: Инстаграм / Мими Јовановска
Фото: Инстаграм / Мими Јовановска
Фото: Инстаграм / Мими Јовановска
Фото: Инстаграм / Мими Јовановска
Фото: Инстаграм / Мими Јовановска