Ќерката на Цеца позираше во брутално издание на грчките плажи – на многумина НЕМА да им биде добро од овие фотографии
Анастасија Ражнатовиќ наполни 21 година, а роденденот го прослави со момчето Ѓорѓе Куљиќ на Миконос.
Анастасија на своите бројни обожаватели им се заблагодари за роденденските честитки со фотографии од базен, а потоа покажа и еден гламурозно издание за интимната прослава на роденденот со партнерот.
„Не посакувај да имаш ружа доколку не можеш да поднесеш убод од трње, напиша Анастасија под нејзината фотографија на која позира во фустанот со кој го пречека роденденот.
Да потсетиме, младата музичка ѕвезда која важи за една од најзгодните девојки на балканската сцена, по успешната промоција на новиот хит сингл „Рани“ отпатува во Грција на заслужен одмор, каде што го прослави роденденот.
Анастасија реши денот да го помине на најдобар можен начин, па се соблече во провокативни минијатурни бикини и со својот партнер, кој не сакаше да го покаже пред обожавателите на социјалните мрежи, отиде на базен.
Сончевите зраци, освежителни коктели и саканата личност покрај неа се одлична увертира за лудата роденденска забава која планира Анастасија да ја направи за семејството и пријателите кога ќе се врати во Белград.
Таа претходните денови ги искористи за да се слика вo oгледало во минијатурни бикини, и да се пофали со совршено линија, а откако ги објави фотографиите, многу нејзини обожаватели останаа без зборови.
Според нив можеме да заклучиме дека убавата ќерка на Цеца ужива на одморот во Миконос заедно со својата посилна половина.