Ќерката на Трамп како вистинска дива од златното време на Холивуд – многумина ја споредија со легендарната Грејс Кели
Ќерката на Доналд Трамо во центарот на вниманието
Иванка Трамп присуствуваше на венчавката на славната американска модна дизајнерка Мише Ноно во Рим.
Иванка ги остави сите без здив со својот долг фустан во праска боја преку кој имаше плашт, кој се врзува на вратот, во иста боја. Во прашање е фустан со потписот на модниот бренд „Galia Lahav“ во кој ќерката на претседателот на Америка изгледаше како дивите од добриот стар Холивуд.
Иванка на венчавката се појави заедно со својот сопруг Џаред Кушнер, а поради овој настан не можеше да присуствува на традиционалната официјална вечер во Белата куќа. Иако сите зборуваа за доаѓањето на Меган Mаркл, шоуто сепак и припадна на 37-годишната Иванка која многумина ја споредија со легендарната принцеза од Монако, Грејс Кели.