Ќерката на Топалко со својот сакан ужива на Малдивите во минијатурен костим за капење
Се шушка дека тенисерот планира да ја запроси
Хелена Топаловиќ (22) веќе некое време е во врска со тенисерот Дамир Џумхур (27) со кого замина на Малдивите каде и сега се наоѓаат.
Ќерката на Милан Топалковиќ (43) на својот профил на Инстаграм секојдневно се фали со фотографии и видеа од ова егзотична дестинација.
На една од фотографиите тенисерот ја влече Хелена за плетенката, но погледот на сите им е насочен „под вода“, односно на безобразната големина на костимот на капење што го носи убавата Хелена.
Тие се сместени во хотел со пет ѕвездички, „Fairmont Maldives – Sirru Fen Fushi“, кој покрај луксузното сместување нуди и разни пакети, како и оние романтични за какви се определија Хелана и Дамир.
Но цената за ваквите уживања воопшто не е евтина. Едно ноќевање за двајца се движи некаде околу 800 евра, во зависност од пакетот, но не се сомневаме дека тенисерот за својата сакана го избрал најдобриот.
Тоа значи дека за десет ноќевања тенисерот ќе треба да плати околу 8000 евра – и тоа минимум, а можеби и повеќе.
Инаку некои медиуми веќе објавија дека босанскиот тенисер на оваа егзотична дестинација планира да ја запроси Хелена.
Тие се во врска веќе пет месеци, но порталот „Информер“ објави дека Дамир на Малдивите со себе понел и свршенички прстен и планира да клекне пред девојката во која што се вљубил.
Тој е убеден дека Хелена е девојката на неговиот живот, а и веќе му е смачено постојано да менува девојки.
Имено, Џумхур пред Хелена беше во врска со бројни познати девојки, а меѓу нив Дејана Живковиќ, Ријалда и многу други.