Никогаш не изгледала олку провокативно
Ќерката на Милан Топалковиќ Топалко, Хелена Топалковиќ, позната е по своите провокативни модни изданија.
Но овој пат убавата Хелена реши да отиде чекор подалеку.
Имено, Хелена ужива на своето патување, а со фановите сподели фотографија на која позира само со крпа и високи потпетици.
Во еден момент фановите ја прашаа во кој град сега се наоѓа, а таа со насмевка им одговори дека ни самата не знае.
По оваа фотографија таа објави уште една, но овој пат позираше во костим за капење и ја отвори сезоната за сончање во јануари.
Хелена со овие фотографии ја подигна температурата на социјалните мрежи, посебно што ги објави во раните утрински часови. Позирајќи покрај базенот во црн костим за капење атрактивната млада дама покажа колку се грижи и му дава значење на својот физички изглед.
Инаку, за убавата ќерка на Топалко веќе подолго време се шушка дека е во врска со познатиот босанско-херцеговачкиот тенисер Дамир Џумхур, но оваа врска до сега ја немаат потврдено ни Дамир ни Хелена.
Единствено нешто што ги спојува е што и двајцата објавуваат фотографии направени на исти локации низ светот.