Ќерката на Тања Кочовска е се поубава и неверојатно наликува на неа – гордата мајка се пофали на Фејсбук

Ќерката на попларниот актерски пар порасна во вистинска убавица, а гордата мајка се пофали со неа на Фејсбук.
Актерката Тања Кочовска и нејзиниот сопруг, актерот Предраг Павловски се повеќе од 25 години во брак.
Од првиот брак со актерот Владимир Ендровски Љац, Тања го има 31-годишниот син Александар, а од бракот со Предраг 25-годишната Нела.
Се запознале уште додека биле студенти, но се дружеле само како пријатели.

Откако во 1994 година Тања се вработила во Театарот за деца и младенци почнале да се раѓаат љубовни искри меѓу неа и Предраг, кој исто така се вработил таму.
„Со Тања се знаеме уште од факултет. Чисто колегијално. Нашето познанство не беше ништо посебно. Во 1993 година, кога дојдов во Театарот за деца и младинци, симпатичната колешка Тања веќе беше таму. Некако набрзина се најдовме и мислам дека уште првата вечер ја побарав за жена. Сега се прашувам кој знае дали требаше така?”, изјави на шега Предраг.

Тања и Предраг не се многу активни на социјалните мрежи, но со она што го споделуваат често ги засмејуваат нивните следбеници.
Освен што се успешни во својата работа, тие се и грижливи родители. Александар заврши факултет за туризам, а Нела тргна по стапките на своите родители и е студент на ФДУ.
Тања честопати во своите интервјуа истакнува дека нејзина најголема среќа се токму нејзините деца.

Вели дека Нела и Александра се деца кои пораснале со двајца актери, деца на кои никогаш не им бил повишен тонот. Мора да се признае дека и двајцата се прекрасни и ги извелкеле најдобрите гени од своите родители.
Тања вели дека не дозволува никој да ги наруши нивните семејни односи. Тие дома функционираат како најдобри пријатели и се знаат едни за други. Сите проблеми во нивното семејство се решаваат со долги разговори.

Предраг плаќа сметки, пазари и ги вози децата каде и да треба, а Тања се грижи за сите обврски околу домот.
Пред некое време актерката сподели фотографии од нејзината ќерка на која мора да се забележи дека Нела од година во година е се поубава.

На оваа фотографија неверојатно многу се забележува сличноста меѓу Тања и неа.
„Денот“, пишува во опис на фотографијата, на која не е прецизирана причината за славење во нивното семејство.
Фото: Фејсбук / Тања Кочовска
Фото: Фејсбук / Нела Павловска
Фото: Фејсбук / Нела Павловска
Фото: Фејсбук / Нела Павловска
Фото: Фејсбук / Нела Павловска
Фото: Фејсбук / Нела Павловска
Фото: Фејсбук / Тања Кочовска
Фото: Фејсбук / Тања Кочовска
Фото: Фејсбук / Тања Кочовска
Фото: Фејсбук / Тања Кочовска
Фото: Фејсбук / Тања Кочовска
Фото: Фејсбук / Тања Кочовска
Фото: Фејсбук / Тања Кочовска
Фото: Фејсбук / Тања Кочовска
Фото: Фејсбук / Тања Кочовска