Реклама
Наши ѕвезди

Ќерката на Спасен Сиљаноски копија на тато? Еве како фолкерот се топи во моментите поминати со неа

Пејачот сподели фотографија на која е со својата ќерка

Реклама

Ќерката на Спасен е копија на тато?

Нашиот познат пејач Спасен Сиљаноски од бракот со својата партнерка Ана го имаат синот Арсениј и ќерката Мила.

Шармантниот пејач на својот профил на социјалните мрежи понекогаш знае да сподели моменти од своето секојдневие, но и да покаже како ужива со семејството.

Маркетинг

Така беше ситуацијата и сега, кога Спасен сподели една заедничка фотографија со својата мила наследничка и сите ги разнежи

Маркетинг
Инстаграм

Имено, Мила порасна во преубаво мало девојче, а Спасен не крие дека ужива во секој нивен заеднички момент.

Но очигледно дека и децата си поминуваат одлично со него, бидејќи пејачот се обидува своето слободно време целосно да им го посвети.

Инстаграм

Од фотографиите што Спасен често ги објавува многумина коментираат дека и двете деца личат по малку на него, но и на сопругата која е вистинска природна убавица што остава без здив.

Инстаграм

Каменот си тежи на местото

Потсетуваме, Спасен често истакнувал дека семејството за него е најголемото богатство, а во една пригода специјално за Гламур откри и неколку детали непознати детали од неговиот живот.

Инстаграм

Имено, познатиот фолк-пејач по потекло е од кичевското село Пополжани за кое вели дека е најубавото место на светот, а таму во куќата каде живеат и неговите родители го чува и неговиот домашен миленик Оскар – огромен шарпланинец кон кого сите се однесуваат како уште еден член од нивното семејство.

Инстаграм

Што се однесува до тоа каква музика слуша дома, Спасен тогаш откри дека го обожава Френк Синатра, но и тамбурашка музика.

Инстаграм

„Се слушам од музика во зависност во каков елемент и амбиент сум, во зависност какви ми се емоциите. Еве обично кога по настап се врачам накај дома не слушам музика бидејќи тогаш сум преполн со музика, а ако слушам тогаш пуштам сериозна музика, обожавам класика, понекогаш слушам ретро, го обожавам Френк Синатра, сакам од типот на Ѕвонко Богдан, тамбураши или далматински песни. Единствено што не слушам и ме прави нервозен, не го презирам ама не го сакам е тој модерен турбо-фолк, лично не ми прија, ми ги надразнува ушите…“

Инстаграм

„А кога сме на седенка ја земам хармониката и си пееме македонски песни, и новокомпонирани и стари“, изјави Спасен за Гламур.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button