Ќерката на Панчев соопшти преубави вести на Инстаграм – честитки пристигнуваат од сите страни, гордиот татко блеска од среќа!

Емоции на квадрат!

Денес е посебен ден за Дарко Панчев, фудбалерот кој влезе во историјата на македонскиот и југословенскиот фудбал.
Човекот на кого „Гол“ му беше второто име и ја освои „Златната копачка“ денес го слави својот 57 роденден.
Панчев е роден на 7 септември 1965 година, а неговата наследничка Надица меѓу првите му го честиташе роденденот.

Таа на својот налог на Инстаграм објави фотографија на која Панчев е заедно со целото семејство, насмеан и пресреќен покрај своите наследнички и убавата сопруга.

Најголема ѕвезда на Маракана
Панчев и денес е икона на Црвена ѕвезда чии навивачи нема никогаш да ги заборават најубавите моменти во историјата на овој тим. Македонскиот фудбалер за овој тим играше од 1988-1992 година и за тоа време постигна дури 84 голови.

Но, секако најважен гол во кариерата му беше оној во финалето на Купот на европските шампиони против Олимпико кога го запали целиот стадион, но и целата поранешна Југославија.

Панчев никогаш не криел дека најголема љубов му е Вардар во кој помина 12 години, додека Црвена ѕвезда му е на второ место. Тој играше и за Интер, а потоа и во тимови од Швајцарија и Германија, но како што изјави легендарниот поранешен фудбалер во една пригода, тој на тоа гледал само како деловен ангажман и се обидувал што подобро да ја заврши својата работа и да заработи пари.

Емоција на квадрат
Дарко овој Велигден заедно со своето семејство беше да ја посети Маракана каде некогаш беше најголема ѕвезда.

Неговите наследнички беа посебно воодушевени од муралот посветен на нивниот татко на кој тој е прикажан како го слави легендарниот гол со кој „Црвена ѕвезда“ ја однесе победата во Купот на европските шампиони.
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива