Ќерката на Мики и Светлана Црнокрак е егзотична убавица, а тешкиот ФАКУЛТЕТ го заврши со чиста 10-ка – еве како изгледа!
Ќерката на познатиот пар порасна во вистинска убавица
Светлана и Мики Црнокрак имаат две ќерки – Нина (10) и Моника која неодамна наполни 23 години.
Поранешната манекенка за нејзиниот роденден објави заедничка фотографија на социјалните мрежи.
„Среќен роденден, мамина убавица“, напиша тогаш Светлана, а во коментарите веднаш се надоврза и Мики:
„И татина“, додаде тој.
Инаку, Моника тргна по стапките на своите родители и веќе има освено неколку титули за убавина.
Таа студираше на Економскиот факултет при државниот универзитет Св. Кирил и Методиј каде дипломираше со чиста десетка.
Таа пред неколку недели се пофали со овој свој успех, а секако најгорди беа нејзините родители.
И нејзиниот татко, Мики Црнокрак, не крие колку е среќен што неговата ќерка беше мошне успешна во студиите.
Тој по нејзината дипломска објави нејзина фотографија и се пофали дека неговата убава наследничка завршила со чиста десетка.
Инаку, Моника исто така е успешна и во манекенските води и има освоено неколку титули за убавина.
Моника во 2018 година, на својот прв интернационален настап ја претставуваше Македонија на изборот за убавина „Miss Summer International“, кој се одржа во „Мерит Ројал и Премиум“ во Киренија.
Таа тогаш ја освои титулата Мис фотогеничност, а нејзината мајка беше најсреќна што таа тргна по нејзините стапки.
Инаку, од заедничката фотографија што ја објави Светлана по повод 23-от роденден на Моника, многумина забележаа дека тие не само што неверојатно многу личат една на друга, туку и дека изгледаат како да се сестри, а не мајка и ќерка, се сложуваат нивните заеднички фанови.
За разлика од Моника, втората ќерка на Мики и Светлана, Нина, 13 години е помлада од неа.
Таа во октомври наполни 10 години.
Нина се уше е млада, но нема да се изненадиме ако за некоја година и таа реши да тргне по стапките на својата мама.
Фото. Фејсбук/ Светлана Црнокрак
Фото. Фејсбук/ Светлана Црнокрак
Фото. Фејсбук/ Светлана Црнокрак
Фото. Фејсбук/ Светлана Црнокрак
Фото. Фејсбук/ Светлана Црнокрак
Фото. Фејсбук/ Светлана Црнокрак
Фото. Фејсбук/ Светлана Црнокрак
Фото. Фејсбук/ Светлана Црнокрак
Фото. Фејсбук/ Светлана Црнокрак
Фото. Фејсбук/ Светлана Црнокрак
Фото. Фејсбук/ Светлана Црнокрак
Фото. Фејсбук/ Светлана Црнокрак
Фото. Фејсбук/ Светлана Црнокрак
Фото. Фејсбук/ Светлана Црнокрак
Фото. Фејсбук/ Светлана Црнокрак
Фото. Фејсбук/ Светлана Црнокрак
Фото. Фејсбук/ Светлана Црнокрак
Фото. Фејсбук/ Светлана Црнокрак