Атмосферата во шоуто беше на ниво

Марија и Јелена се веселеа на музиката, а главна ѕвезда на вечерта беше ќерката на Дарко Лазиќ и Ана Севиќ.
Имено, додека Карлеуша парадираше на сцената и ги воодушеви сите со својот нов преполовен изглед заради специјалниот режим на исхрана, се појави и малата Лорена која веднаш и го украде шоуто на дивата.

Таа беше дојдена да го поддржи нејзиниот татко кој беше дел од жирито, а кога Вики прокоментира дека личи на својата мајка, малата Лорена не се согласи и рече дека личи на својата баба што ги насмеа сите.

Инаку, Дарко ја доби својата ќерка од бракот со пејачката Ана Севиќ. Но тие решија да се разделат, а пејачот неодамна доби и син од својата свршеница Марина Гагиќ со која е во врска по разводот од Ана.
Тој и Ана иако подолго време не беа заедно, официјално се оставија дури пред неколку месеци. Тие денес максимални се трудат да имаат коректен однос заради нивната петгодишна ќерка.