Ќерката на Лазар Бараков е вистинска убавица и негова гордост – ПОГЛЕДНЕТЕ како изгледа и што работи, ќе се изненадите!
Македонскиот актер покажа кој е неговата најголема гордост и ги воодушеви сите.
Лазар Бараков сите го паметиме по улогите во стсрите народни приказни со кои ни помина детството.
Период за кој сите зборуваат со емоции и кој им буди убави чувства.
Старата постава актери кои глумеа во македонските народни приказни оставија траен белег кај секого од нас.
Иако и денешните се трудат доволно професионално, Македонците се емотивно врзани за првите приказни.
Лазар Бараков повеќе од 20 години посвети во глумење во приказните.
Многупати за македонските медиуми има кажано дека работата со неговите колеги како што се Ванчо Петрушевски, Шенка и Ѓорѓи Колозов, Анче Џамбазова и останатите му претставувала задоволство и дека по толку многу снимања тие почнале да се чувствуваат како едно семејство.
Во едно свое телевизиско интервју Лазар истакна дека таква екипа како таа тогаш повеќе никогаш нема да се повтори, а со тоа можеме и сите да се сложиме.
„Колозов беше двигател, Петрушевски, Тодоровски, Шенка, тие се великани. Јас како помлад член на таа екипа, сите шеги, сите вицеви беа на моја сметка. Како најскржав, како поглуп, и улогите ми ги даваа такви“, кажа Бараков.
Актерот денес иако сѐ уште ангажиран професионално, сепак повеќе ужива во седмата деценија од животот заедно со сопругта Лилјана и децата Македонка, Викторија и Александар.
Малкумина знаат, но неговите деца исто така имаа актерски улоги уште како мали.
Денес тие му се најголема поддршка и придружба каде и да оди.
Гледајќи ги нивните фотографии на социјалните мрежи може да заклучиме дека станува збор за складно семејство, кое во сѐ се поддржува.
Минатата година беше една од најсреќните во семејството Бараков затоа што го добија вукот Стефан.
Оваа година, откако пандемијата спласна, неговата ќерка Македонка одлучи заедно со сопругот и синот да се вратат во родната Македонија и да поминат извесно време со најблиските.
Актерот не ја скри среќата од нивното доаѓање, па со фановите сподели: „Моите Германци на одмор во мајка Македонија“, напиша тој на Фејсбук.
Деновиве тој сподели фотографија од уште една негова гордост, а тоа е неговата ќерка Викторија која работи како архитект и веќе реди свои успеси.
Гордиот татко се пофали со неа на социјалните мрежи.
„Ќерка ми Викториа Баракова, како првоодделенка , беше дел во некои од приказните со Колозов – незаборавните… Фала му на Бога, не тргна по татковиот трнлив пат… одбра друга Уметност – Архитектурата. Сè што се работи со љубов и душа е Уметност. Животот е уметност…“, напиша Бараков на Фејсбук.
Фото: Фејсбук / Лазар Бараков
Фото: Фејсбук / Лазар Бараков
Фото: Фејсбук / Лазар Бараков
Фото: Фејсбук / Лазар Бараков
Фото: Фејсбук / Лазар Бараков
Фото: Фејсбук / Лазар Бараков
Фото: Фејсбук / Лазар Бараков
Фото: Фејсбук / Лазар Бараков
Фото: Фејсбук / Лазар Бараков
Фото: Фејсбук / Лазар Бараков
Фото: Фејсбук / Лазар Бараков
Фото: Фејсбук / Лазар Бараков
Фото: Фејсбук / Лазар Бараков
Фото: Фејсбук / Лазар Бараков
Фото: Фејсбук / Лазар Бараков
Фото: Фејсбук / Лазар Бараков
Фото: Фејсбук / Лазар Бараков