Ќерката на Индира Кастратовиќ јавно ИЗРАЗИ ЉУБОВ за овој човек – славеше цело семејство
Убава причина за славење имаше во семејството на македонската ракометарка, а по тој повод се огласи и нејзината ќерка.
Индира Кастратовиќ ќе остане запаметена како една од најдобрите македонски ракометарки, воедно и еден од најдобрите десни бекови во историјата на ракометната игра.
Може да се каже дека таа е најдоброто што ѝ се има случено на македонската женска ракометна репрезентација.
Ракомет започнала да игра на свои 15 години во Приедор, каде што живеела со своето семејство.
Во 1994 година дошла во екипата на Кометал Ѓорче Петров со што започнала една нова страница во животот и професионалната кариера на Кастратовиќ.
Кулминацијата на нејзиниот ракометен успех ќе биде освојувањето на титулата во европската “Лига на шампиони” со Кометал на 19 мај 2002 година.
Индира Кастратовиќ ја заврши професионалната кариера во 2006 година, а денес е тренер на женската ракометна екипа Вардар СЦБТ од Скопје.
Публиката и понатаму ја памети и обожава.
Таа ретко се појавува во медиумите, иако народот постојано се интересира за нејзиниот приватен живот.
Она што за неа се знае е дека долги години е во брак со ракометниот стратег Зоран Кастратовиќ. Плод на нивната љубов е нивната ќерка Сара.
Таа вели дека нејзиниот сопруг е нејзина најголема поддршка.
Сара веќе 5 години живее и студира во САД. Нејзиното заминување тешко им паднало, но нивно мислење е дека таа мора да чекори по својот пат и да ја бара својата среќа.
„Многу е тешко, но мораме да бидеме позитивни, како што мене моите ме пуштија на 18 години, така и ние наша Сара кога изрази желба дека сака да оди во Америка, ја пуштивме, таа секогаш има дом тука, но мора да си ја најде својата среќа“.
„Нормално дека ни е тешко на мене и на сопругот, но секогаш одам напред и си размислувам дека таа тоа го избрала, тоа е нејзиниот пат и мислам дека треба да си го бара својот пат, да не биде нашиот пат.
Кога Сара одеше во Америка бев храбра, но знаеме ние родителите како е дома“, изјави Индира на едно телевизиско интервју.
Сара е доста активна на социјалните мрежи, а сега истите ги идкоридти за да упати јавна честитка по повод роденденот на нејзиниот татко.
Таа сподели колаж од заеднички фотографии од неа и Зоран, а во опис напиша:
„Среќен роденден на најдобриот татко на светот. Те сакам Зоран Кастратовиќ”.
ФОТО: Инстаграм / Сара Кастратовиќ
ФОТО: Инстаграм / Сара Кастратовиќ
ФОТО: Инстаграм / Сара Кастратовиќ
ФОТО: Инстаграм / Сара Кастратовиќ
ФОТО: Инстаграм / Сара Кастратовиќ
ФОТО: Инстаграм / Сара Кастратовиќ
ФОТО: Инстаграм / Сара Кастратовиќ
ФОТО: Инстаграм / Сара Кастратовиќ
ФОТО: Инстаграм / Сара Кастратовиќ
ФОТО: Инстаграм / Сара Кастратовиќ
ФОТО: Инстаграм / Сара Кастратовиќ
ФОТО: Инстаграм / Сара Кастратовиќ
ФОТО: Инстаграм / Индира Кастратовиќ
ФОТО: Инстаграм / Сара Кастратовиќ
ФОТО: Инстаграм / Индира Кастратовиќ