Реклама
Наши ѕвезди

Ќерката на Здравко Чолиќ ужива во луксуз и носи скапи брендови – погледнете како изгледа на социјалните мрежи

Реклама

Неодамна наполни 18 години

Фото: Инстаграм/ Уна Чолиќ (@unacolic)

Ќерката на Здравко Чолиќ, Уна Чолиќ, неодамна го прослави својот 18 роденден. Таа сака да биде во центарот на вниманието, а и камерата ја сака неа, па така поприлично е активна на социјалните мрежи, впрочем како и поголемиот број нејзини врснички.

Нејзиниот роденден беше еден од ретките моменти јавноста да има прилика да ѕирне во приватниот живот на семејството на познатиот пејач. Имено, Здравко Чолиќ е познат и по тоа дека приватниот живот го држи настрана од очите на јавноста, па неговите обожаватели беа пријатно изненадени.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Уна Чолиќ (@unacolic)

Но како што пренесуваат српските медиуми, Уна е запишана во најдобрата и најскапата приватна гимназија во Белград. Еден од најдобрите другари од училиште и е синот на познатиот пејач Бобан Рајовиќ, Андрија, кој е фудбалер. Пред да се запише во ова средно училиште, таа одеше во основно во исиот образовен центар во кој сега пак учи нејзината помлада сестра, Лара.

Како што пренесува српски Телеграф, Здравко за образованието на својата прва ќерка потрошил 68.000 евра, колку што чини еден стан во центарот на Скопје. Таа до неодамна имала и свој личен шофер, а откако положила возачки испит оди сама на училиште.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Уна Чолиќ (@unacolic)

Од нејзините фотографии можеме да видиме дека Уна обожава мода, брендирани чевли и чанти, како и облека за која треба да издвоите поприлично голема сума на пари. Таа често објавува фотографии од ноќниот живот како и од патувањата при кои најчесто отседнува во луксузни хотели.

Таа сака да се фотографира и шминка, а нејзиниот татко очигледно тоа и го дозволува бидејќи сака неговите ќерки да уживаат во животот и да не се обременети со неговата кариера, вели изворот за Телеграф.

Јас не сум строг родител и тоа е мојот единствен проблем

Да потсетиме, пејачот е во брак со Александра со која застанаа на лудиот камен во 2001 година, па повеќе од 19 години успеваат да ја сокријат својата љубов од јавноста. Покрај 18 годишната Уна, тие ја имаат и ќерката Лара.

„Уна е потполно на мене. Но амбицијата што ме држеше мене – да бидам најдобар ученик, најдобар во скок во далечина, најдобар на сто метри и на крај еден од најдобрите студенти со просек 8,6 е поголема од нејзината и целата нејзина генерација. Уна е прекрасна и паметна, баш како и нејзината сестра Лара. Јас не сум строг родител и тоа е мојот единствен проблем. Денес средината повеќе влијае на децата и младината отколку домот. Школото е еден едукатор, градот друг, тука се спортските клубови, кафулињата…“

Фото: Инстаграм/ Уна Чолиќ (@unacolic)

„Уна е иста како мене, ја има мојата генетика и енергија, не ја држи место. Сопругата тоа не може да го разбере, она ја има таа строгост, а јас се наоѓам меѓу два огна. Ми вели еден човек кој има два сина- ‘Леле, Чола јас имам два сина, ти две ќерки, но тебе ти е потешко’. Тоа навистина е малку проблем, посебно за татко што се занимава со оваа работа“, изјави Чолиќ во една пригода за весникот „Вечерње новости“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button